е-Весник

Контакт

Лулеса Илјази
lulesa.iljazi@na.org.mk
+389 2 3103 731

Деспина Србиновска
despina.srbinovska@na.org.mk
+389 2 3103 731

Леонардо да Винчи Брошура

Резултати

2009

Објавени се апликациските формулари за акциите Мобилност (ИВТ, ПЛМ и ВЕТПРО) за секторскaтa програмa Леонардо да Винчи

Објавени  се апликациските формулари за акциите Мобилност (ИВТ, ПЛМ и ВЕТПРО) за секторскaтa програмa Леонардо да Винчи

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги објави апликациските формулари за акцијата Мобилност во чиј состав влегуваат: Почетно стручно образование (ИВТ), Лица на пазар на труд (ПЛМ) и Професионалци во Стручно образование и обука (ВЕТПРО). Апликацискиот формулар за акцијата Мобилност може да го најдете на следниов линк.

Крајниот рок за аплицирање за Мобилност (ИВТ, ПЛМ и ВЕТПРО) е 3 Февруари 2012.


- Процедура за аплицирање;

- Апликација за мобилност;

- Водич за пополнување на апликација;

- Водич за онлајн аплицирање.

 

На линкот http://get.adobe.com/reader/otherversions/ можете да ја симнете соодветната верзија на Adobe Reader за пополнување на PDF апликацијата.




Презентацијата за Комениус, Леонардо да Винчи, Студиски посети и Етвининг - ДУЦОР Партение Зографски Скопје


Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со ДУЦОР „Партение Зографски“ од Скопје, Ве поканува на презентација за секторската програма Комениус (општо образование) за секторската програма Леонардо да Винчи (стручно образование и обука),кои се составен дел од Програмата „Доживотно учење“ на Европската комисија како и за акциите Студиски посети и Етвининг.


Агенда:

13:45-14:00     Регистрација на учесниците
14:00-14:10    Отворање на настанот  - Директор на ДУЦОР „Партение Зографски“ - Скопје, Блаже Митев
14:10-14:20    Обраќање на в.д. Директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност,  Дарко Димитров
14:20-14:40    Презентација за Секторска програма Комениус-  Раководител на Одделение Комениус, Никола Јаулески
14:40-15:00     Презентација за Секторска програма Леонардо да Винчи-  Раководител на Сектор Стручно образование и обука, М-р Лулеса Илјази
15:00-15:20  Презентација за акцијата Студиски посети – Раководител на одделение Студиски посети и студентски стажирања – Мила Протуѓер
15:20-15:40  Презентација за акцијата Етвининг – Раководител на одделение за ИКТ и Етвининг – м-р Дејан Златковски
15:40-15:55    Прашања и дискусија со присутните на настанот


Присуствувајќи на овој настан, ќе се запознаете со можностите кои се отворени за Република Македонија преку програмата Комениус и Леонардо да Винчи и акциите Студиски посети и Етвининг, процедурата за аплицирање, апликациони форми, рокови за аплицирање, буџет.


Презентацијата за Комениус, Леонардо да Винчи, Студиски посети и Етвининг ќе се одржи на 17.01.2012 во 14:00 часот.
Место: ДУЦОР „Партение Зографски“ , Скопје




Презентација на Леонардо да Винчи и Комениус во СОУ Коле Нехтенин Штип

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со СОУ „Коле Нехтенин“ од Штип, Ве поканува на презентација за Секторската програма Леонардо да Винчи (стручно образование и обука) и за секторската програма Комениус (општо образование) која е составен дел од Програмата „Доживотно учење“ на Европската комисија.

 

 

Агенда:

 

10:45-11:00     Регистрација на учесниците

11:00-11:10     Отворање на настанот  - Директор на СОУ „Коле Нехтенин“, Штип, Томе Коловски

11:10-11:20     Обраќање на в.д. Директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност,  Дарко Димитров

11:20-11:40     Презентација за Секторска програма Комениус-  Раководител на Одделение Комениус, Никола Јаулески

11:40-12:00     Презентација за Секторска програма Леонардо да Винчи-  Раководител на Сектор Стручно образование и обука, М-р Лулеса Илјази

12:20-12:15     Прашања и дискусија со присутните на настанот

12:15-12:30     Кафе-пауза

12:30-13:30     Работилница за пополнување апликации, раководител на одделение Леонардо да Винчи-Мобилности, Деспина Србиновска                       

 

 

Присуствувајќи на овој настан, ќе се запознаете со можностите кои се отворени за Република Македонија преку програмата Комениус и Леонардо да Винчи, процедурата за аплицирање, апликациони форми, рокови за аплицирање, буџет.

 

 

 

Презентацијата за Леонардо да Винчи и Комениус ќе се одржи на 10.01.2012 во 11:00 часот.

Место: СОУ „Коле Нехтенин“ , Штип

Покана за презентацијата.

Фотографии од настанот можете да видите на следниот линк.

 


Работилница за Леонардо да Винчи - 28 декември 2011

По барање на средните економски училишта во просториите на Националната Агенција се одржа работилница за секторската програма Леонардо да Винчи со цел да се информираат училиштата за начинот на пополнувањето на апликациите и можностите кои ги нуди Програмата.

Фотографии од настанот можете да видите на следниот линк .

Работилници за секторската програма Леонардо да Винчи

 

Во рамките на секторската програмата Леонардо да Винчи, во месец ЈАНУАРИ ќе се одржаат работилници во просториите на Националната Агенција кои ќе имаат за цел да ги информираме корисниците за начинот на пополнувањето на апликациите, како и да се обезбедат одговори на нејасните прашања во врска со пополнувањето на апликациите.
За времетраењето на една работилница, корисниците
ќе имаат можност да добијат прирачници, водичи, информации за крајните рокови, како и да се осигураат кои документи се потребни да се поднесат заедно со апликацијата. Воедно,  корисниците имаа можност и да потврдат дали ја користат правилната форма на апликацијата.

Датуми на кои ќе се реализираат работилниците:

Од 11 до 17 јануари 2012 г. – РАБОТИЛНИЦИ ЗА МОБИЛНОСТ

Ве молиме потврдете го Вашето присуство на следните електронски адреси:

lulesa.iljazi@na.org.mk

despina.srbinovska@na.org.mk

 

 

Презентација на Леонардо да Винчи во АСУЦ Боро Петрушевски - Скопје, 21 декември 2011

 

Почитувани,

На ден 21 декември 2011 година (среда), Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе одржи презентација на програмата „Леонардо да Винчи“ во АСУЦ  „Боро Петрушевски“  - Скопје, од 11.00 до 12.30 ч. На настанот ќе се обрати Директорот на АСУЦ „Боро Петрушевски“ г-ѓа Соња Ристовска, в.д. Директорот на Националната агенција г-дин Дарко Димитров, додека детална презентација на програмата и можностите кои таа ги нуди ќе направи Раководител на сектор - Стручно образование и обука, м-р Лулеса Илјази.

 

Агенда

Леонардо да Винчи - 21.12.2011

АСУЦ  „Боро Петрушевски“, Скопје

 

10:45-11:00

Регистрација на учесниците

 

 

11:00-11:10

Отворање на настанот  - Директор на АСУЦ  „Боро Петрушевски“, г-ѓа Соња Ристовска

 

 

11:10-11:30

Обраќање на в.д. Директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-дин Дарко Димитров

 

 

11:30-12:00

Презентација за Секторска програма Леонардо да Винчи-  Раководител на Сектор Стручно образование и обука, м-р Лулеса Илјази

 

 

12:00-12:15

Успешна приказна од проект реализиран со помош на Леонардо да Винчи, г-ѓа Мимоза Гичева

 

 

12:15-12:30

Прашања и дискусија со присутните на настанот


Фотографии од настанот можете да видите на следниот линк.

Презентација на Леонардо да Винчи секторската програма

Почитувани,

На ден 9 Декември 2011 година (петок) од 11.00-13.00 ч., Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе одржи презентација на програмата „Доживотно учење“ со фокус на подпрограмата Леонардо да Винчи во СОЗУ „Кузман Шапкарев“ во Битола.


Агенда од настанот.


Одржани работилници за Леонардо да Винчи

Во рамките на потпрограмата Леонардо да Винчи, во месец ЈАНУАРИ се одржаа работилници во просториите на Националната Агенција кои имаа за цел да ги информираат корисниците за начинот на пополнувањето на апликациите, како и да се обезбедат одговори на нејасните прашања во врска со пополнувањето на апликациите.
За времетраењето на една работилница, корисниците имаа можност да добијат прирачници, да добијат детални информации за крајните рокови, како и да се осигураат кои документи е потребно да се поднесат заедно со апликацијата. Воедно,  корисниците имаа можност и да потврдат дали ја користат правилната форма на апликацијата.

Датуми на кои се реализираа работилниците:

11, 12, 13, 14 јануари 2010 г. – РАБОТИЛНИЦИ ЗА МОБИЛНОСТ

20, 21, 22 јануари 2010 г.  – РАБОТИЛНИЦИ ЗА МОБИЛНОСТ

15 јануари  2010 г. – РАБОТИЛНИЦИ ЗА ПАРТНЕРСТВА

На работилниците беа вклучени 40 институции.

Резултати од повикот за Леонардо да Винчи 2009

Резултати од повикот за Леонардо да Винчи 2009 во склоп на Програмата доживотно учење за Република Македонија на следниот линк.

Директорот на Националната агенција во посета на доброволното противпожарно друштво во Свети Николе

tl_files/Photogalery/Poseta na protivpozharnata edinica/pozarna_01.jpgСо доделување на банер од програмата Леонардо да Винчи, Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-дин Бошко Нелкоски го означи официјалното влегување на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе во програмата. Притоа Директорот Нелкоски изрази задоволство од организираноста на ова друштво и искажа уверување дека во иднина ова друштво ќе продолжи да користи средства од Националната агенција.

Членовите на друштвото изразија огромна благодарност до Националната агенција за можноста да користат средства од програмата Леонардо да Винчи како би можеле да работат на создавање на партнерства со нивни сродни организации.   

Фотографии од настанот може да видете на следниов линк.

Започна со работа семинарот посветен на секторската подпрограма Леонардо да Винчи

tl_files/docs/images/Ldv_logo.jpgНационалната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со КултурКонтакт Австрија во име на Австриското Министерство за образование, уметност и култура организира семинар за секторската подпрограма Леонардо да Винчи, која се однесува на целокупниот спектар на субјекти покриени од  стручното образование и обука.

Целта на семинарот е запознавање на учесниците со специфичните детали од подпрограмата, начините за пријавување, споделување на искуства за програмата со други корисници како и со правилата и роковите кои мора да се почитуваат. За таа цел на семинаот ќе присуствуваат тројца експерти од Австрија кои имаат огромно искуство во работата со оваа програма.

Настанот се оддржува  во периодото од  19 до 22 октомври во хотелот Милениум Палас – Охрид.