Објавен е апликациониот формулар за Подготвителни Посети
Националната агенција за европски
образовни програми и мобилност го објави апликациониот формулар за сите
подпрограми од Програмата Доживотно Учење.
Формуларот
можете да го преземете на следниов линк.
Објавен е апликациониот формулар за Подпрограмата Еразмус
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го објави апликациониот формулар за Еразмус, валиден за поднесување на рокот 09 Март 2012 година.
Формуларот можете да го преземете на следниов линк.
Презентација на ЕРАЗМУС на Филолошки Факултет УКИМ - 26 декември 2011
Почитувани,
На ден 26 декември 2011 година (понеделник),
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе одржи
презентација на програмата „Еразмус“ на Филозофскиот Факултет –
Скопје, од 11.00 до 12.30 ч. На
настанот ќе се обрати висок претставник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,
в.д. Директорот на Националната агенција г-дин Дарко Димитров, додека детална
презентација на програмата и можностите кои таа ги нуди ќе направи кординаторот
за програмата „Доживотно учење“ м-р Јован Попоски.
Агенда
ЕРАЗМУС - 26.12.2011
Филозофски Факулетет – Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј
10:45 -
11:00 Регистрација на учесниците
11:00 - 11:15 Отворање на настанот
Обраќање на висок претставник на Универзитетот
Св. Кирил и Методиј
11:15 -
11:30 Обраќање на в.д. Директор на Националната
агенција за европски образовни програми и мобилност
г-дин
Дарко
Димитров
11:30-11:50 Претставување на
Програмата “Еразмус”
м-р
Јован
Попоски
Раководител на сектор Општо образование, Координатор за
програмата „Доживотно учење“
11:50-12:10 Искуство од програмата
Еразмус
12:10-12:30 Прашања и дискусија со
присутните на настанот
Слики од настанот можете да видите на следниот линк.
Презентација на ЕРАЗМУС на Универзитетот Св. Климент Охридски - Битола
На ден 19 декември
2011 година (понеделник), Националната агенција за европски образовни програми
и мобилност ќе одржи презентација на програмата „Еразмус“ на Универзитетот „Св.
Климент Охридски“ – Битола, од 11.00 до 12.30 ч. На настанот ќе се обрати висок претставник
на Универзитетот „Св. Климент Охридски“– Битола, в.д. Директорот на
Националната агенција г-дин Дарко Димитров, додека детална презентација на
програмата и можностите кои таа ги нуди ќе направи кординаторот за програмата
„Доживотно учење“ м-р Јован Попоски.
Агенда
ЕРАЗМУС - 19.12.2011
Универзитет Св.
Климент Охридски - Битола
Факулетет за
јавна администрација
|
10:45 - 11:00
|
Регистрација
на учесниците
|
|
|
|
|
11:00 - 11:15
|
Отворање на
настанот
|
|
|
Обраќање на висок
претставник на Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола
|
|
|
|
|
11:15 - 11:30
|
Обраќање на
в.д. Директор на Националната агенција за европски образовни програми и
мобилност, г-дин Дарко Димитров
|
|
|
|
|
11:30-11:50
|
Претставување
на Програмата “Еразмус”
|
|
|
м-р Јован
Попоски - Раководител на сектор Општо образование, Координатор за
програмата „Доживотно учење“
|
|
|
|
|
11:50-12:10
|
Искуство од
Еразмус програмата
|
|
|
Представник
од Универзитетот Св. Климент Охридски - Битола
|
|
|
|
|
12:10-12:30
|
Прашања и
дискусија со присутните на настанот
|
Слики од настанот можете да видите на следниот линк.
Објавени резултати за Еразмус Универзитетски Чартер
Европската Комисија ја објави листата на високообразовни
институции од Македонија кои од наредната година ќе може да учествуваат во
програмата Еразмус, т.е. институции кои добија Еразмус Универзитетски Чартер.
Во зависност од видот на Чартерот на институцијата, стандарден или продолжен,
од наредната академска година тие ќе можат да доделуваат Еразмус стипендии за
студирање или стажирање (од 3-12 месеци) во држави членки на ЕУ.
На оваа табелата ќе најдете контакти на Еразмус
институционални координатори на одделните институции кои добија Еразмус Универзитетски Чартер во 2010,
како и во 2009 година.
Резултати од повикот за Еразмус 2009
Резултати од повикот за Еразмус 2009 во склоп на Програмата доживотно учење за Република Македонија на следниот линк.
Оддржана работилница за Еразмус координатори
На
19.02.2010 во просториите на Националната Агенција беше оддржана
работилница за Еразмус институционални координатори од 8те нови
институции кои добија Еразмус Универзитетски Чартер. На работилницата
беше претставена програмата Еразмус, Националната Агенција и роковите
за аплицирање. На следниот линк може да ја превземете агендата за
работилницата, како и список со координатори на одделните институции
кои од наредната академска година ќе може да учествуваат во програмата.
АГЕНДА
Фотографии од оддржаната работилница може да најдете на следниот ЛИНК.
Оддржани работилници за Еразмус координатори на УКИМ и УКЛО
Националната агенција, во соработка со
канцелариите за меѓународна соработка на Универзитетите „Св. Климент Охридски“
во Битола, и „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 15ти и 16ти Декември оддржа работилници
за факултетски Еразмус координатори. Предавачи на работилниците беа гости од
Универзитетот во Љубљана, кои освен формалните презентации го презентираа и
нивното искуство со работа со програмата во Словенија.
Се заблагодаруваме на Ректорите на двата
универзитета за соработката, и на одговорните лица од канцелариите за
меѓународна соработка за поддршката и помошта при организирањето на настаните. За
сите заинтересирани за Еразмус, листи со Еразмус координатори на одделните
факултети на Универзитетите можат да се најдат на веб- страниците на
универзитетите.
Оддржана прес конференција
На 27 Ноември
2009 година на Универзитетот “
Св. Климент Охридски”
во Битола се оддржа прес конференција по повод отворањето на програмата
Еразмус за Република Македонија.
На прес
конференцијата присуствуваа: Министерот за образование и наука на Република
Македонија, г-дин Никола Тодоров, Директорот на Националната агенција за
европски образовни програми и мобилност, г-дин Бошко Нелкоски и Ректорот на
Универзитетот “ Св. Климент
Охридски” во
Битола, проф. д-р Златко Жоглев.
Во своето
излагање Министерот за образование и наука на Република Македонија ги повика
универзитетите и другите високообразовни институции во Република Македонија да
го зголемат развојот на модули, курсеви и настани планови, со европска
содржина, ориентација или организација. Според Министерот програмата Еразмус ќе
предизвика голем интерес не само кај студентите туку и кај професорите и
останатиот административен персонал на универзитетите.
Директорот на Националната агенција за европски образовни
програми и мобилност, г-дин Бошко Нелкоски осврнувајќи се на студентските мобилности, истакна
дека програмата Еразмус
може да има огромен придонес кон промовирање на европскиот идентитет. Тоа го
прави на повеќе начини, но највеќе преку рушење на социјалните и културните
бариери меѓу европјаните. Преку Еразмус студентите можат да ја увидат
социјалната, културната и политичката реалност на земјите членки на ЕУ, што ќе
придонесе и кон остварување на зацртаните евроинтегративни цели на Република
Македонија.
Ректорот на Универзитетот “ Св. Климент Охридски”
во Битола, проф. д-р Златко Жоглев изрази задоволство што Универзитетот “ Св. Климент
Охридски” во Битола
доби Еразмус чартер и студентите и професорите ќе можат да ги користат
бенефициите кои им ги нуди програмата Еразмус.
Оддржан информативен ден во Тетово
На 26 Ноември
2009 година во општина Тетово се оддржа информативен ден за програмата за
Доживотно учење посветен на подпрограматите Еразмус и Комениус.
На овој настан
кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност во општина Тетово, беа
презентирани можностите и целите на
програмата за Доживотно учење.
Директорот
на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност г-дин Бошко
Нелкоски во своето излагање потенцираше дека Тетово како универзитетски град и
град во кој има бројни основи и средни училишта максимално може да ги искористи
можностите кои ги нуди програмата за Доживотно учење особено потпрограмите
Еразмус и Комениус.
Останататите
вработени во Националната агенција пред тетовци ги претставија програмите
Еразмус и Комениус.
Оддржан информативен ден за програмата за Доживотно учење во Штип
На 11 Ноември 2009
година во општина Штип се оддржа информативен ден за програмата за Доживотно
учење посветен на подпрограмите Еразмус, Леонардо да Винчи и акцијата еТвининг.
На овој настан
кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност во општина Штип, беа
презентирани можностите и целите на
програмата за Доживотно учење.
На настанот свое
обраќање имаа: г-дин Бошко Нелкоски – Директор на Националната агенција за
европски образовни програми и мобилност и Градоначалникот на општина Штип,
г-дин Зоран Алексов.
Во своето
излагање Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и
мобилност г-дин Бошко Нелкоски се заблагодари за гостопримството на општина
Штип и притоа уште еднаш ја истакна важноста на овие програми за Република
Македонија. Тој ги повика штипјани на
интензивна соработка со Националната агенција за европски образовни програми и
мобилност се со цел максимално искористување на средствата од програмите
координирани од Националната агенција кои се наменети за крајните корисници.
Градоначалникот
на општина Штип, г-дин Зоран Алексов се заблагодари на Националната агенција за
европски образовни програми и мобилност за можноста да биде презентирана
програмата за Доживотно учење во Штип и истакна дека општина Штип преку своите
образовни институции максимално ќе се вклучи во програмата Доживотно учење
затоа што оваа програма обезбедува голем бенефит како за образовните институции
во градот така и за општината во целост.
Саем на студии во Франција и во регионот
Националната Агенција
за европски образовни програми и мобилност Ве известува дека во склоп на Саемот на студии во Франција и во регионот
кој ќе се оддржи на 6-ти ноември 2009, од
10 до 18 часот, ќе постави свој штанд на кој што ќе можат да се
обратат сите заинтересирани за програмите на Националната Агенција. Саемот ќе биде во домот на АРМ, а агенцијата на својот штанд ќе презентира брошури и друг
рекламен материјал, а предвидени се и кратки презентации на сите учесници во
посебна сала.
Овој настан е
организиран од Campus France и нивните колеги во Бугарија.
Всушност се
работи за патувачки саем кој во Бугарија
ќе ги посети универзитетските градови Стара Загора и Варна, а потоа сите тие
учесници доаѓат и во Скопје. Учесниците се универзитети и други високо образовни
институции.
Резултати од повикот за предлог – секторска програма ЕРАЗМУС во рамките на програмата „Доживотно учење“
Врз основа на одлуката
на Европскиот Парламент и Решението за воспоставување на програмата „Доживотно
Учење“ од 15 Јануари 2006 година (1720/2006/ЕС), Европската Комисија распиша
повик за предлог – проекти за програмата „Доживотно Учење“ 2009 година (DG
EAC/31/08), односно посебен додаток на повикот за Република Македонија и
Република Хрватска (DG EAC/31/08 – 2009/C 35/08).
Во рамките на посебниот
повик за предлог – проекти, рокот за пријавување за индивидуална мобилност
преку програмата „Еразмус“ беше 30 Март 2009.
Висината на средствата
кои беа предвидени за 2009 година за Република Македонија изнесуваше 115 150 евра.
Повеќе информации и листата со резултати на
следниов линк.
Оддржана прес конференцијата по повод заминувањето на првите Еразмус студенти
Денес во просториите на Државниот универзитет во Тетово се оддржа прес конференција по повод
заминувањето на првите студенти преку програмата за академска мобилност
Еразмус, која е координирана од страна на Националната агенција за
европски образовни програми и мобилност.
Во своето излагање Директорот на
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност г-дин
Бошко Нелкоски го пофали Државниот универзитет во Тетово за сите
предуслови кои навремено ги исполни и им овозможи на
студентите непречено да ги користат бенефициите кои ги нуди програмата
Ерамус. Во оваа прилика Директорот Нелкоски ги покани сите македонски
универзитети на интензивна соработка со Националната агенција како за
Ерамус така и за сите други активности кои се превземаат со цел
унапредување на образовниот процес во Република Македонија.
Ректорот на Државниот универзитет во Тетово, д-р Агрон Река во
своето излагање се заблагодари на Националната агенција за европски
образовни програми и мобилност за успешната соработка, на студентите им
посака убав престој во Шпанија и искажа уверување дека нивното искуство
кое ќе го стекнат ќе биде од огромно значење за Државниот универзитет
во Тетово.
На настанот прсуствуваа голем број професори и студенти.
Оддржано предавањето “Повеќејазичноста како придобивка на европското семејство”
На 26 Септември 2009 година во Филолошкиот факултет “ Блаже Конески”
при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” се оддржа предавањето на тема:
“Повеќејазичноста како придобивка на европското семејство” кое беше
организирано по повод “ Европскиот ден на јазиците”. Настанот беше во
организација на Секретаријатот за европски прашања при Владата на
Република Македонија, во соработка со Националната агенција за европски
образовни програми и мобилност, Филолошкиот факултет “ Блаже Конески”
при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје и Студентскиот
парламент на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје. На ова
предавање кое предизвика огромен интерес не само кај студентите туку и
кај професорите и пошироката јавност, се дискутираше за
повеќејазичноста, за придобивките од неа како и за можностите кои се
нудат за изучување на јазици.

На настанот свое обраќање имаа: д-р Васко Наумовски –
вицепремиер за евроинтеграции, г-дин Бошко Нелкоски – директор на
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, д-р
Максим Каранфиловски – декан на Филолошкиот факултет во Скопје, г-дин
Патрик Паке претставник на Европската комисија во Република Македонија
и една волонтерка од Полска која го има научено македонскиот јазик. Во
своето излагање Директорот на Националната агенција за европски
образовни програми и мобилност се фокусираше на можностите кои ги нуди
Националната агенција за изучување на определен јазик и истите детално
ги претстави пред приустните учесници.
ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА: ЕУ можностите за младите и студентите од Западен Балкан
На ден 03.09.2009 г. во Скопје, во организација на ЕУ Инфо-Центар, ќе се одржи панел дискусија на тема: ЕУ можностите за младите и студентите од Западен Балкан.
Во рамките на настанот, Европскиот комесар за образование и култура,
Г-динот Јан ФИГЕЛ и Директорот на Националната агенција за европски
образовни програми и мобилност, Г-дин Бошко НЕЛКОСКИ, ќе ги доделат
првите проекти од децентрализираните европски фондови од Програмата
Млади во акција.
Агенда на настанот.
Отворен повик за Еразмус Универзитетски Чартер
Почитувани,
Со големо задоволство Ве известуваме дека сите
Високообразовни институции од Македонија се квалификувани да се пријават за
учество во програмата Еразмус преку пријавување за Еразмус Универзитетски
Чартер. Пријавувањето се врши во Извршната Агенција за аудиовизуелни политики и
култура, а крајниот рок е 30 јуни.
Појаснување за процесот на селекција на Еразмус студентите
Почитувани,
Ви благодариме за
интересот кој го покажувате за програмата Еразмус.
Ве потсетуваме
дека пријавувањето за учество во програмата не се врши во Националната
Агенција, туку процесот на пријавување и селекција на кандидати го вршат одговорните
лица за Еразмус при канцелариите за меѓународна соработка на високообразовните
институции.
Високообразовни институции кои имаат добиено Еразмус универзитетски чартер објавуваат критериуми за учество во програмата,
односно лансираат т.н. повик за учество во Еразмус.
Националната
Агенција за европски образовни програми и мобилност не е вклучена во процесот
на селекција на студентите кои ќе бидат одбрани за Еразмус мобилности. Овој
процес на селекција се врши исклучиво внатрешно во рамките на високообразовната
институција.
Во академската 2009-2010
година учеството во програмата е возможно само за индивидуални мобилности на
студенти, наставен кадар и административен персонал при 3те државни
Универзитети во Република Македонија (Универзитет „Кирил и Методиј“ Скопје,
Универзитет „Климент Охридски“ Битола, Државниот Универзитет во Тетово). Овие Универзитети ќе објават критериуми за
учество во програмата, односно ќе лансираат т.н. повик за учество во Еразмус. Процесот на селекција ќе се врши
на транспарентен начин, по однапред утврдени критериуми. За подетални информации обратете се до Канцеларијата за меѓународна соработка на Вашиот универзитет.
За повеќе информации
за програмата Еразмус Ве молиме да го погледнете документот Прирачник за работа- секторска програма Еразмус.
Можете да не
контактирате за консултации или подетални информации во врска со програмата.
Од
име на
секторот за Терцијално образование при Националната Агенција за
европски образовни програми и мобилност, одговорен за раководењето со
децентрализираните акции на програмата Еразмус во Македонија, Ви
посакуваме
успех во пријавувањето.
Оддржана промоција на секторската програма Еразмус во Македонија
Почитувани,
На 12 Март, со почеток во 10 часот, во просториите на
хотелот „Stone Bridge“, Националната Агенција за европски образовни програми и
мобилност во соработка со Европската Комисија организираше Еразмус Инфо ден,
т.е. официјалната промоција на програмата Еразмус во Република Македонија.
На настанот беа присутни околу 160 студенти, и тоа од:
Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Државниот Универзитет во Тетово, Универзитетот
„Кирил и Методиј“ од Скопје и Универзитетот „Климент Охридски“ од Битола. На настанот
имаше и претствници од студентските организации: Студентски Парламент на УКМ,
Еразмус Студентската Мрежа, Елса, Бест, Аисек. Беа присутни и мал број на
студенти од некои од приватните Универзитети во Македонија.
На промоцијата, свои обраќања имаа Г-дин Бошко Нелкоски,
Директор на Национална Агенција за
Европски образовни програми и мобилност; Г-дин Перо Димшовски, Државен советник
при Секретаријат за Европски прашања; Г-ѓа Линдита Ќазими, Заменик Министер за Образование и наука; Г-дин Erwan
Fuerre, Специјален претставник на ЕУ и
Шеф на Делегацијата на Европската Комисија и Mr. Renato Girelli, Европска
Комисија, Генерален Директорат Образование и Култура. Им се заблагодаруваме на
сите говорници за нивната поддршка.
Вториот дел од настанот беше организиран во форма на работилница која беше специфично дизајнирана за претставниците на канцелариите за меѓународна соработка, на која истите беа детално запознаени со процесот на пријавување за Еразмус Универзитетски Чартер, како и со циклусот на Еразмус проектите за мобилност.
Програма на настанот