Организација на мобилност
Децентрализираните Еразмус акции ќе бидаат во надлежност на
македонската Национална агенција за европски образовни програми и
мобилност, од наредната 2010 година.
- Вид на акција: Институциите добиваат средства за покривање на трошоци поврзани со организацијата на мобилност
- Подобност:
Подобни трошоци се оние кои се поврзани со препознавањето на студиските
престои, печатењето или копирањето на материјали, подготвителни посети,
организација на јазични курсеви, итн. Одредувањето на финансиската
поддршка зависи од бројот на студенти, наставен кадар и административен
персонал кои заминуваат во друга држава.