Партнерства
Леонардо да Винчи Партнерствата се кооперативни проекти од мал
обем помеѓу организации кои работат на полето на стручното образование и обука,
кои се фокусирани на теми од заеднички интерес.
Активностите можат да бидат поделени и се состојат од:
- локални
активности во нивната институција (нивната држава); и
- мобилни
активности кога се посетува партнер-институцијата во странство.
Партнерските проекти се идеални за организации кои се
нови во Европската соработка и кои делуваат како прв чекор кон поголеми проекти
како што се проектите Трансфер на иновации.