е-Весник

Контакт

Лулеса Илјази
Тел: 023 103 731
e-mail: lulesa.iljazi@na.org.mk

Леонардо да Винчи Брошура - НОВО

Леонардо да Винчи Флаери - МК

Леонардо да Винчи Флаери - АЛ

Подготвителни посети

Подготвителни посети tl_files/docs/images/pdfIcon.png

Што е Подготвителна посета

Подготвителните посети им дозволуваат на потенцијалните партнери да се сретнат со цел:

  • Дефинирање на предметот и целите за иден проект
  • Дефинирање улоги на партнерите, нивни задачи и одговорности во идниот проект
  • Развивање на деловен план за иден проект, вклучувајќи методи за надзор, проценка и распределба
  • Комплетирање на апликацијата за проектот

Има два вида на Подготвителна Посета:

  • Подготвителна посета- Целта на Подготвителна Посета е партнерските организации да дискутираат и заеднички да развиваат скица на планираниот проект, како и отпочнување со изработка на нацрт за предлог проект. Бидејќи тие го структурираат начинот на поднесување на самиот проект, тие мора да се одржат пред нивен вистински формулар за предлог проект. Максималното времетраење на Подготвителна посета е 5 ноќи, без оглед дали се посетени една или две институции. Посетата треба да биде во земјата на една од земјите-членки на  Програмата за Доживотно учење.
  • Контакт Семинари- се организирани од различни Европски Национални Агенции во текот на една година. Овие семинари ги доведуваат заедно заинтересираните организации од различни земји кои учествуваат во Програмата Леонардо да Винчи. Работилниците ви даваат можност за дискусија на избраната тема, запознавање со колегите од Европа и развивање на нови проектни идеи. Секој Контакт Семинар ќе биде фокусиран на специфична тема во врска со стручно образование и обука.

Кој може да аплицира на Подготвителна посета

Секоја, јавна и приватна организација која е вклучена во стручното образование и  обука и која е легално регистрирана во една од учесничките држави може да аплицира за грант за Подготвителна посета.

Примерите на организации кои можат да аплицираат, го вклучуваат следното:

  • Институции или организации кои обезбедуваат можности за учење во полињата покриени од Леонардо да Винчи Програмата
  • Асоцијации и претставници вклучени во стручното образование и обука, вклучувајќи и асоцијации на обучувачи, родители и наставници
  • Компании, социјални партнери и други претставници на работниот живот, вклучувајќи стопански комори и други трговски организации
  • Тела кои обезбедуваат насочување, советување и информациски услуги во однос на било кој аспект од доживотното учење
  • Тела одговорни за системи и политики кои се однесуваат на било кој аспект од доживотното учење, стручно образование и обука на локално, регионално или национално ниво
  • Истражувачки центри и тела зафатени со прашањата за доживотно учење
  • Високо-образовни институции
  • Не-профитни организации, волонтерски тела, невладини организации.

Минимален број на земји- не е одредено

Минимален број на партнери- не е одредено

Времетраење:

  • Минимално времетраење – 1 ден
  • Максимално времетраење 5 дена

Краен рок

За аплицирање на оваа акција повикот е отворен во текот на целата година, но формуларот за предлог проекти треба да се поднесе најмалку 6 недели пред активноста.

Крајниот датум за сите формулари за предлог проекти за подготвителни посети за 2010 е 17 декември 2010 (ова вклучува посети кои ќе се одржат во јануари 2011).

Совети за добра апликација

Осигурете се дека сите потребни критериуми се застапени.

  • Јасно истакнете го типот на акцијата за која вие планирате да аплицирате во иднина ( пример мобилност, партнерство или трансфер на иновации)
  • Осигурете се дека секцијата за буџет од формуларот за предлог проекти е јасна и целосна
  • Осигурете се дека секцијата за содржина на посетата е целосно пополнета
  • Целосно пополнете ја декларациската (declaration) секција со релевантни потписи
  • Читајте го водичот што е релевантен на акцијата за која вие планирате да аплицирате во 2010. Јавете се во Националната агенција, да добиете повеќе информации за оваа акција.

_________________________________________________________________________________________________________________

 

ВАЖНИ ДОКУМЕНТИ

Апликација - Подготвителна посета 2010

Прирачник за подготвителни посети

Повеќе поставувани прашања за подготвителни посети