ГРУНДВИГ проекти за волонтирање на возрасни - GIVE (Grundtvig Senior Volunteering Projects)
GIVE нуди можности за грантови за локални организации во
2 земји учеснички во ЛЛП.
Зборот „Волонтеризам“ се однесува на било која форма на
волонтерска активност, преземена по слободна волја, избор и мотивација и без
финансиска придобивка.
Цели:
- да им се овозможи на
возрасните волонтирање во друга ЕУ земја во било каква непрофитна активност,
како форма на информално учење и размена на искуства
- воспоставување на
долгорочна соработка помеѓу организацијата испраќач и организацијата примач
околу одредена тема или целна група
- локалните заедници да
се здобијат со возрасни граѓани со широки познавања, компетенции и искуства.
Очекувани резултати:
- за волонтерите:
подобрени јазични, социјални и интеркултурни вештини, стекнување со специфични
вештини, активно граѓанство
- за организациите
домаќин и испраќач и локалните заедници: размена на искуства, знаење и добри
практики, развој на ЕУ соработка.
Билатерална и реципрочна соработка
Проектите треба да вклучуваат 2 организации од земјите
учеснички во ЛЛП, од кои едната мора да биде од ЕУ. Секоја организација испраќа
и прима 2-6 волонтери. Волонтерите можат да патуваат поединечно или во групи.
Секој волонтер може да учествува само по еднаш. Примањето и испраќањето можат да
се случуваат во исто време но и не мора.
Профил на волонтерите: Лица 50+, посебен акцент на лица
од ранливи и социјални групи или ентички малцинства, родова рамноправност.
Профил на организациите испраќачи/примачи: било која
организација која има капацитет да испрати и прими волонтери. Активностите за
вклучување на волонтерите треба да бидат од непрофитен карактер.
Времетраење: волонтерската активност се одвива
непрекинато во текот на 3-8 недели, несметајќи го подготвителниот период.
Одобрените проекти траат вкупно 2 години.
Буџетите ќе се формираат различно за организацијата
примач и организацијата испраќач врз основа на рамните стапки з апокривање на
трошоците за патување и сместување на волонтерите.
Оваа активност е децентрализирана. Апликациите и
придружните документи се поднесуваат до Националната Агенција. * ВАЖНО! Оваа активност не е отворена за учесници од Република Македонија во 2009 година.