е-Весник

Контакт

Лулеса Илјази
Тел: 023 103 731
e-mail: lulesa.iljazi@na.org.mk

Леонардо да Винчи Брошура - НОВО

Леонардо да Винчи Флаери - МК

Леонардо да Винчи Флаери - АЛ

Контакт семинар - Словачка (05 - 08 Ноември) 2009

Се викам Павлина Костовска - Грујоска, вработена во Агенција за вработување на Република Македонија, Центар за вработување на град Скопје и минатата година бев корисник на грант, од Националната Агенција на Република Македонија за европски образовни програми и мобилност.

Присуствував на контакт - семинар во Братислава - Словачка, во период од 05.11 - 08.11. 2009 година, за Програмата Доживотно учење, секторска Програма Леонардо да Винчи, во делот  за мобилност на пазарот на трудот.
На семинарот присуствуваа вкупно 45 партиципиенти, учесници од 15 земји од ЕУ и искуство беше навистина големо, од посебна важност и значење. Тоа беше одлична можност за стекнување на нови пријателства, размена на многу искуства, можност за проценка на сопствените капацитети итн.

Организацијата и начинот на работа на семинарот, преку практичните работилници, всушност беше добра прилика да се имплементираат  нашите  заеднички размислувања и идеи, во форма на Апликација  т.е.  заеднички Проект, со некоја од земјите - учеснички, во делот на мобилноста на луѓето од пазарот на трудот.
Целокупниот амбиент и работната атмосфера делуваа мотивациски, стимулативно и ме поттикнаа да размислувам на креативен, инвентивен и нов начин. Воедно, дополнителен импулс беше и енергијата и еланот на сите присутни учесници, за да се вклучиме во заеднички активности и таа позитивна енергија можеше да се почувствува за време на целиот престој на семинарот.

Секако дека ова искуство ќе послужи во иднина, бидејќи претставува начин да се премостат многу бариери, дава можност за стекнување на нови меѓународни искуства, нови контакти, овозможува личен раст и развој, отвора можност за нови видови на соработка со земјите од ЕУ, развој на одредени компетенции, учење на јазик и воопшто овозможува доживотно учење, без разлика на возраста, полот, степенот на образование и сл.

Сакам да изразам и пофални зборови за НА во Р.Македонија, која е отворена за соработка со сите што имаат некаква идеја, замисла или иницијатива, во областа на доживотното учење, а тоа е воедно и препорака до сите заинтересирани, да ги усмерат  своите визии............

Ништо не е невозможно, ако се има цел и позитивна енергија !!!!!!!!!!!!!

Павлина Костовска - Грујоска

Агенција за вработување на Република Македонија, Скопје

 

tl_files/docs/llp/ldv/zemji ucesnici/slovacka_01.JPG tl_files/docs/llp/ldv/zemji ucesnici/slovacka_2.JPG
tl_files/docs/llp/ldv/zemji ucesnici/slovacka_3.JPG
tl_files/docs/llp/ldv/zemji ucesnici/slovacka_4.JPG