е-Весник

Контакт

Мила Протугер
mila.protuger@na.org.mk
+389 2 3103 735

Резултати

2009

Доживотно учење » Студиски посети

Презентацијата за Комениус, Леонардо да Винчи, Студиски посети и Етвининг - ДУЦОР Партение Зографски Скопје


Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со ДУЦОР „Партение Зографски“ од Скопје, Ве поканува на презентација за секторската програма Комениус (општо образование) за секторската програма Леонардо да Винчи (стручно образование и обука),кои се составен дел од Програмата „Доживотно учење“ на Европската комисија како и за акциите Студиски посети и Етвининг.


Агенда:

13:45-14:00     Регистрација на учесниците
14:00-14:10    Отворање на настанот  - Директор на ДУЦОР „Партение Зографски“ - Скопје, Блаже Митев
14:10-14:20    Обраќање на в.д. Директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност,  Дарко Димитров
14:20-14:40    Презентација за Секторска програма Комениус-  Раководител на Одделение Комениус, Никола Јаулески
14:40-15:00     Презентација за Секторска програма Леонардо да Винчи-  Раководител на Сектор Стручно образование и обука, М-р Лулеса Илјази
15:00-15:20  Презентација за акцијата Студиски посети – Раководител на одделение Студиски посети и студентски стажирања – Мила Протуѓер
15:20-15:40  Презентација за акцијата Етвининг – Раководител на одделение за ИКТ и Етвининг – м-р Дејан Златковски
15:40-15:55    Прашања и дискусија со присутните на настанот


Присуствувајќи на овој настан, ќе се запознаете со можностите кои се отворени за Република Македонија преку програмата Комениус и Леонардо да Винчи и акциите Студиски посети и Етвининг, процедурата за аплицирање, апликациони форми, рокови за аплицирање, буџет.


Презентацијата за Комениус, Леонардо да Винчи, Студиски посети и Етвининг ќе се одржи на 17.01.2012 во 14:00 часот.
Место: ДУЦОР „Партение Зографски“ , Скопје




ШТО ПОДРАЗБИРААТ СТУДИСКИТЕ ПОСЕТИ?

Студиската посета е краткотрајна посета од 3-5 дена на мала група од 10-15 луѓе, професионалци кои носат одлуки и претставуваат различни групи на образовни и специјализирани кадри со цел да испитаат еден аспект од програмата за доживотно учење во друга земја учесничка. Студиската посета, наменета за специјалисти од областа на образовната и стручната обука, како клучна акција на трансверзалната програма на доживотно учење, цели кон поддршка на политичкиот развој и соработка на европско ниво. Студиските посети обезбедуваат форуми за дискусии, размени и учење на теми од заеднички интерес, како и теми од европски и национални приоритети. Придонесува кон размена на иновативни идеи, пракси и промовирање на квалитетот и транспарентноста на системите за обука на земјите учеснички.

Како дел од трансверзалната акција, студиската посета е поврзана со четирите големи програми на ЛЛП, кои покриваат теми на интерес на претставниците од различните полиња за образование и обука. Со тоа се помага да се постигнат целите на Лисабонската стратегија и работната програма за образование и обука за 2010, како и процесите на Болоња и Копенхаген и нивните наследници.

За секоја средба се дефинираат разни теми, почитувајќи ги притоа приоритетите договорени на програмскиот комитет за доживотно учење. Сепак, националните авторитети можат да изберат теми коишто ги засегаат националните приоритети.

Студиски посети опфаќаат теми од:

  • перспективи на генералното образование
  • перспективи на стручното образование и обука
  • јасни перспективи на доживотно учење (од разновиден тип)

Програмата за студиски посети обезбедува уникатен начин за запознавање со други земји и развивање на образованието и обуката од европски димензии. Работење заедно, размислување заедно на разни теми поврзани со работа, делење на мислења, откривање на нови погледи на работите, решавање на проблеми или добивање решенија. Сето тоа прави организаторите и учесниците да се чувствуваат како дел од заеднички европски простор.

ЦЕЛИ

  • Размена на иновативни идеи и пракси
  • Промовирање на квалитетот и транспарентноста на системите за образование и обука на земјите учеснички
  • Размена и учење на теми од заеднички интерес и од европски и од национални приоритети

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

  • Тренинг менаџери на компании
  • Директори на институции за образование и стручна обука, центри или провајдери
  • Директори на центри за советување
  • Директори на центри за валидација и акредитација
  • Инспектори од областа на образованието и стручната обука
  • Класни раководители, наставници и обучувачи
  • Раководители на сектор
  • Менаџери за човечки ресурси
  • Сопственици/менаџери на мали и средни претпријатија
  • Педагошки или советници во центри за советување
  • Претставници на стопански комори/индустрија/занаети
  • Претставници на мрежи и асоцијации кои се бават со образование и обука
  • Претставници на образовни установи, канцеларии за вработување или центри за советување
  • Претставници на локални, регионални и национални институции
  • Претставници на синдикати
  • Истражувачи

Формуларот за аплицирање мора да биде пополнет и доставен онлајн на следната вебстрана. http://studyvisits.cedefop.europa.eu

ШТО Е ЦЕДЕФОП?

Европски центар за развој на стручна обука (ЦЕДЕФОП) е агенција на Европската Унија.

Основан во 1975, ЦЕДЕФОП е лоциран во Солун, Грција. Неговата задача е да го промовира развојот на стручното образование и обука (ВЕТ) во Европската Унија. Оваа работа ја врши преку анализирање и ширење на информации за стручното образование и обука, нивните системи, политики, истражувања и практики. Со тоа им се помага на специјалистите во ЕУ, да го развијат и подобрат стручното образование и обука во Европа.

Всушност, ЦЕДЕФОП е центар за експертиза и развој на стручно образование и обука на ниво на Европа. Центарот обезбедува совети, истражувања, анализи, споредбени информации и стимулира внатрешно-европска соработка преку организирање на форуми, конференции, и работилници на теми од заеднички интерес, како што се советувања, тренинг за постари работници, и признавање на учење надвор од образовните институции.