е-Весник

Контакт

Лулеса Илјази
Тел: 023 103 731
e-mail: lulesa.iljazi@na.org.mk

Леонардо да Винчи Брошура - НОВО

Леонардо да Винчи Флаери - МК

Леонардо да Винчи Флаери - АЛ

Контакт семинар Кембриџ - Англија (септември 2009)

За програмата на ЕУ за доживотно учење прв пат се запознав на една средба во Скопје со една вработена во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност кон крајот на 2008 година. Таа имаше убава презентација за штотуку промовираната Леонардо да Винчи и Грундвиг програма за Македонија. Како извршен директор на Фондацијата Агро-центар за едукација, но и како човек кој има магистрирано на тема развивање на неформалното образование во земјоделството во Македонија, од професионален аспект ме заинтересира оваа програма.

Некаде во април 2009 година присуствував и на еден инфо-ден за истиве програми во Скопје.

Во август 2009 веќе имаше можност да се аплицира за т.н. подготвителни посети, односно за присуство на контакт семинар во Кембриџ, Англија на тема: „Social Inclusion Europe: Helping disadvantaged groups to play an active role in society and employment“. Си реков, зошто да не? Па ако ништо друго прв пат во Англија, па уште во Кембриџ...еееј.

Веќе кон крајот на септември 2009 бев во Кембриџ на овој контакт семинар. Морам да бидам искрен, незнаев што да очекувам таму. Некаде 50-тина учесници од Европа, од различни организации, со веќе одредено искуство за Леонардо и Грундвиг програмите. А јас, што треба да направам, што да кажам, кому да му пријдам, знаат ли тие луѓе за Македонија.....

Работни групи! Во која работна група е мојот интерес? Влегов во третата група. Ние четворица. Дискусија на тема што правите во вашите организации за да ги мотивирате потенцијалните клиенти.... убава дискусија.

Една вечер поголемиот дел од учесниците отидовме до блискиот паб на дружење и пиво. Прв пат играв пикадо. Мислам на она право – без стрелки со магнети. Играчите наизменично фрлаат по три стрелки во таблата. Погодените брови се собираат. Целта е од договорениот број (301 или 501) да се стигне до нула.  Одлична синергија, тимска работа, забава.

Крај на 2009 година. Имаме концепт проект на оние четворица кои бевме во работната група. Уште двајца ни се приклучија кои беа на пикадо онаа вечер во Сер Исак Њутон паб. Проектот се вика MotiVET. Ќе аплицираме за Партнерсво. Уште двајца се приклучија кои не беа во Англија но имаа контакти со партнерите. Супер ми изгледа идеата. Англија, Македонија, Литванија, Шведска, Бугарија, Финска, Белгија и Шкотска – пртеставници на 8 држави во еден тим.

15 февруари 2010 – го поднесовме заедничкиот проект - MotiVET. Чекаме на резултатот.

За само една година ја видов Англија, научив пикадо, направивме тим од 8 земји, направивме проект, имаме веќе 481 бод и ни фали само уште една 20-ка до 0 и да победиме во пикадото наречено „Леонардо да Винчи – Партнерство“. Со среќа and thank you Sir Isaac Newton.

Љупчо Тошев

Фондација агро-центар за едукација - Скопје

 

tl_files/docs/llp/ldv/zemji ucesnici/anglija_01.JPG tl_files/docs/llp/ldv/zemji ucesnici/anglija_02.JPG
tl_files/docs/llp/ldv/zemji ucesnici/anglija_03.JPG tl_files/docs/llp/ldv/zemji ucesnici/anglija_04.JPG