Работилница за Партнерствата за учење
Во рамките на потпрограмата Грундвиг, на 22.01.2010 година во просториите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност се одржа подготвителна работилница за акцијата Партнерства за учење. Бидејќи македонските институции во образованието за возрасни за прв пат во 2010 година ќе учествуваат во акцијата Партнерства за учење, целта на оваа работилница беше разгледување на генералниот проектен циклус, процедурата за аплицирање, пополнување на формуларот за предлог проекти, најчесто поставуваните прашања околу оваа акција во процесот на подготовка на проектите и процесот на одлучување. На работилницата присуствуваа 17 претставници од 14 институции во образованието за возрасни од Република Македонија.
Резултати од повикот за Грундвиг 2009
Резултати од повикот за Грундвиг 2009 во склоп на Програмата доживотно учење за Република Македонија на следниот линк.
Повик за доделување на наградата Грундвиг во 2010 година
Европската
Асоцијација
за
Образование
на Возрасни
(ЕАОВ)
објавува
повик за
доделување
на наградата
Грундвиг во 2010
година.
Грундвиг
наградата во
2010 година се
фокусира на „Иновативни
пристапи во
образованието
и учењето на
возрасните –
Базични
компетенции
за социјално
вклучување“.
Секоја
година, ЕАОВ
ја
прославува
иновативноста
на образованието
за возрасни.
Грундвиг
наградата ги
промовира
резултатите
од проектите
кои
иницираат
нови идеи,
партнерства,
нови методологии
и нова визија
работа во
образованието
за возрасни.
Проектите
кои можат да
влезат во
конкуренција
треба јасно
да покажат како
новите
методи/техники/начини
на спроведување
на базичните
компетенции
придонесуваат
во
социјалното
вклучување,
да имаат
доказ за
резултатите
(извештај,
ДВД и сл), да
можат да
бидат
пренесени на
други, да се во
тек или да се
завршени.
Проектите
треба да се
транснационални
и може, но не
мора да се поддржани
од
програмата
Грундвиг.
Пријавите
треба да
стигнат
директно во ЕАОВ не
подоцна од
вторник, 03
април 2010
година.
Повеќе
инфо
Оддржан информативен ден во Кичево
На 2 Декември
2009 година во општина Кичево се оддржа информативен ден за програмата за
Доживотно учење посветен на подпрограмите Комениус и Грундвиг.
На овој настан
кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност во општина Кичево, беа
презентирани можностите и целите на
програмата за Доживотно учење.
Во своето
обраќање градоначалникот на општина Кичево, г-дин Благоја Деспотоски го искажа
своето задоволство од оддржување настани од ваков тип се со цел граѓаните да
имаат можност преку директен контакт да ги увидат можностите и целите на
европските програми кои се отворени за Република Македонија.
Програмата
за Доживотно учење како и потпрограмите Комениус и Грундвиг пред кичевчани ги
презентираа вработените во Националната агенција за европски образовни програми
и мобилност, Мерсиха Исмајлоска и Љупка Бакарџиева.
Фотографии од настанот може да видите на следниов линк.
Оддржан информативен ден во Гостивар
На 25 Ноември
2009 година во општина Гостивар се оддржа информативен ден за програмата за
Доживотно учење посветен на подпрограмата Грундвиг и Студиските посети.
На овој настан
кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност во општина Гостивар, беа
презентирани можностите и целите на
програмата за Доживотно учење.
На
настанот присуствуваше и Претседателот на советот на општина Гостивар д-р Фадил
Зендели кој во своето излагање ја истакна важноста од оддржувањето на ваков
настан токму во општина Гостивар. Раководителот на сектор трансверзални
активности во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,
м-р Гоце Величковски во своето излагање ги повика жителите на општина Гостивар
на активна соработка со Националната агенција се со цел нивно успешно
вклучување во програмата за Доживотно учење.
Останататите
вработени во Националната агенција пред гостиварци ги претставија програмите
Грундвиг и Студиските посети.
Фотографии од настанот може да видете на следниов линк.
Оддржан информативен ден за програмата за Доживотно учење во Свети Николе
На 12 Ноември 2009
година во општина Свети Николе се оддржа информативен ден за програмата за
Доживотно учење посветен на подпрограмите Леонардо да Винчи, Грундвиг и
студиските посети.
На овој настан
кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност во општинаСвети Николе,
беа презентирани можностите и целите на
програмата за Доживотно учење.
На настанот свое
обраќање имаа: г-дин Бошко Нелкоски – Директор на Националната агенција за
европски образовни програми и мобилност и Градоначалникот на општина Свети Николе,
г-дин Роберт Ѓоргиев.
Во своето
излагање Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и
мобилност г-дин Бошко Нелкоски се заблагодари за гостопримството на општина
Свети Николе, и изрази уверување дека жителите на општинас Свети Николе ќе
изработат квалитетни проекти и апликации со коишто до година ќе користат
средства од програмите за Доживотно учење и Млади во акција
Градоначалникот
на општина Свети Николе, г-дин Роберт Ѓоргиев се заблагодари на Националната
агенција за европски образовни програми и мобилност за можноста да биде
презентирана програмата за Доживотно учење во Свети Николе и истакна дека со
доследно имплементирање на програмите за Доживотно учење и Млади во акција
директно ќе се помогне во развојот на општина Свети Николе.
Оддржан информативен ден за програмата за Доживотно учење во Прилеп
На 05 Ноември
2009 година во општина Прилеп се оддржа информативен ден за програмата за
Доживотно учење посветен на подпрограмата Леонардо да Винчи и Грундвиг.
На овој настан
кој предизвика огромен интерес кај пошироката јавност во општина Прилеп беа
презентирани можностите и целите на
програмата за Доживотно учење.
На настанот свое
обраќање имаа: г-дин Бошко Нелкоски – Директор на Националната агенција за
европски образовни програми и мобилност и г-дин Маријан Ристески Градоначалник
на општина Прилеп.
Во своето
излагање Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и
мобилност г-дин Бошко Нелкоски се заблагодари за гостопримството на општина
Прилеп и притоа истакна дека очекува од жителите на општина Прилеп да изработат
квалитени проекти кои ќе овозможат што поголем дел од средствата на програмата
за Доживотно учење да бидат искористени од прилепчани.
Градоначалникот
на општина Прилеп г-дин Маријан Ристески се заблагодари на Националната
агенција за европски образовни програми и мобилност за можноста да биде
презентирана програмата за Доживотно учење во Прилеп и ја изрази својата
увереност дека со искористувањето на средствата од програмата за Доживотно учење
ќе се направи многу за унапредување на образовниот процес во општината, која е
подготвена максимално да се вклучи во овие процеси.
Фотографии од настанот може да видете на следниов линк