Образованието оди напред, ние го следиме.

 

http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/projects/   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en

Важно соопштение за рокот 04.10.2017 поднесување апликации за КА347

Ве молиме имајте во предвид дека поднесувањето на апликации од Клучната Акција 347 за рокот 04.10.2017 година исклучиво ќе биде пристапно преку веб платформа овозможена од Европската комисија. За разлика од сите останати апликации, во КА347 од следниот рок пристапот до апликациската форма ќе биде достапна преку следниов линк:

https://webgate.ec.europa.eu/web-eforms/

Повеќе...

ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Прага, Република Чешка

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/tca-praga.jpgТема на контакт семинарот„Using eTwinning in KA2 School-To-School Partnerships “

Цел:

  • да се промовира синергија помеѓу Еразмус+ и еТвининг
  • запознавање на учесниците со порталот еТвининг и поттикнување на истите за негово користење
  • да се помогне во вмрежувањето меѓу наставниците вклучени во Еразмус+проекти  и проектите од еТвининг
  • да се направат контакти со наставници од другите земји со цел да се поттикнат и развијат идни  проекти од КА2

Контакт семинарот ќе се реализира во Чешка, Република Чешка од 30 август до 2 септември 2017.

Таргет група:

  • Таргет група за контакт семинарот се наставници од предучилишно и училишно образование

Повеќе...

ТАС настан: Мојата омилена грешка –учење од грешките преку позитивни примери

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/tca-ponta-delgada.jpgТренинг курс

8-14 мај 2017 | Понта Делгада, Португалија

Целта на овој тренинг е фокусот на учење, како да се најде нов пристап за справување со грешките и како може да ги поддржиме младите луѓе да се спраат со грешките од поглед на позитивен и конструктивен начин. Ќе се користат различни методи и техники преку театрална и рефлективна техника, преку правење на атмосфера во која грешките ќе бидат презентирани, истражени и ќе бидат рефлектирани.

Цели на тренингот се следниве:

  • Да се рефлектира во однос со грешките, нивната улога во процесот на учење и нашиот традиционален пристап кон грешките.
  • Да се истражат нови пристапи на техники и методологии за учење од грешки преку поситивен и конструктивен начин.

Повеќе...

Пријавување за учество на Работилница за ЕВС Акредитација, Еразмус + КА1 - Европски волонтерски сервис ЕВС - април 2017

tl_files/docs/eplus/images/2017/logo-30years.pngНационалната агенција за европски образовни програми ќе организира еднодневна работилница за ЕВС Акредитација во текот на месец Април 2017 во своите простории. 

 За таа цел се повикуваат сите здружанија на граѓани, јавни установи и заинтересирани  во Република Македонија:

- кои имаат интерес да ги користат можностите на Европски волонтерски сервис – ЕВС, КА1;

- кои сакаат да аплицираат за добивање на ЕВС Акредитација;

- кои имаат потреба од обновување на ЕВС Акредитација (доколку претходно добиената ЕВС Акредитација е со изминат рок на важност или е добиена во рамките на  претходната “Млади во акција“  Програма);

Повеќе...

Јавен повик за избор на организација активна во полето Млади за експертиза во дескрипција на поглавјата од иницијативата Јутвики за 2017 година

16/03/2017год.

Врз основа на предвидените цели и задачи за импелементација на Јутвики, како и решението бр.18-328/2  од 16.03.2017 донесено од Директорот, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува

Јавен повик

за избор на организација активна во полето Млади за експертиза во дескрипција на поглавјата од иницијативата Јутвики за 2017 година

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност–( НАЕОПМ) е јавна установа формирана со закон и има надлежност за оперативно спроведување на децентрализираните акции од програмата Еразмус+ во Република Македонија.

Повеќе...

Повик за аплицирање за Еразмус+ Повелба за високо образование

09.03.2017

tl_files/images/erasmus+baner_home.jpg

Еразмус+ Повелбата за високо образование обезбедува општа квалитативна рамка за европските и меѓунардоните активности за соработка кои што високо-образовните институции можат да ги реализираат во Програмата. Доделувањето на Еразмус Повелбата за високо образование е пред-услов за сите високо-образованите институции од програмските земји и кои што сакаат да учествуваат во трите клучни акции од Еразмус+. 

Повеќе...

Повик за поднесување апликации за учество на контакт семинар во Загреб, Р.Хрватска, организиран од Националната агенција во Хрватска, Словенија и Македонија

Тема на контакт семинарот„Подобрување на видливоста на образованието за возрасни (Making adult education more visible)“

Цел:

- Да се даде можност за наоѓање на европски партнери со слични интереси и да се развијат идеи за нови проекти во Клучна акција 1 во делот на образование на возрасни,

- Да се овозможи поврзување на институциите од областа на  образование на возрасни од различни земји кои вклучуваат и луѓе со помали можности и тоа луѓе со:

- Потешкотии во учењето: рано напуштање на училиштето , нискоквалификувани возрасни,
- Економски пречки: луѓе со низок животен стандард, ниски приходи, приматели на социјална помош, луѓе во долгови или со финансисики проблеми....

Повеќе...

Повик за контакт семинар во Љубљана, Словенија

Тема/Theme: Меѓународен семинар за интер-секторска соработка во полето на инклузијата „Што е клучно за инклузивноста“ (“Key to inclusion” - International seminar on cross-sectorial cooperation in the field of inclusion)

Целта на тренингот:

- Да се даде можност за презентирање на крос секторски примери на добри практики во кои се вклучени младите на локално и меѓународно ниво,

- Да се истражат факторите за креирање на успешни проекти како на локално, така и на меѓународно ниво со акцент на соработка помеѓу секторите,

Повеќе...

ТАС Настан: Конференција во Бон, Германија

Тема/Theme: Добри практики од Еразмус+: Конференција за дисеминација и импакт во училишниот сектор (Best practice results from Erasmus+: A conference on Dissemination and Impact in the School Sector)

Целта на тренингот:

Да се даде акцент на сите иновативни и успешни проекти во сите активности на Еразмус+ училишно образование: проекти за мобилност во областа на училишното образование , проекти за стратешки партнерства (school-to school) како и партнерства од областа на училишното образование како и Е-Твининг проекти.

Тренинг курсот ќе понуди можност за мрежно поврзување на: селектираните училишта, институциите кои спроведуваат иновативни проекти како и на експертите и сите засегнати страни од ЕУ.

Повеќе...

Пријавување за учество на работилници за ЕРАЗМУС+ KA2 под-акциите

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организира серија на работилници за акциите КА201, КА202, KA203,  КА204, КА219 кои ќе се одржат пред крајните рокови за доставување на апликации, респективно за секоја КА2 под-акција. На работилниците презентерите на НА ќе го објаснат процесот на аплицирање и ќе одговорат на поставените прашања од учесниците на работилниците.

Повеќе...

ТАС Настан: Инклузија на политики за мигранти во младинските платформи

14-19 март 2017 | Молина, Малага, Шпанија

Со вклучување на младите мигранти, претставниците од дијаспората и лица кои се вклучени во младинските организации, овој семинар има за цел споделување дискутирање и елаборирање на специфичните политики за интегрирање на млади мигранти и бегалци во младинските платформи.

Цели:

  • Да се анализираат сличностите и разликите во состојбата на младите мигранти и бегалци во политиката на секоја земја во контекст со правата на младите;
  • Креирање на заедничка стратегија за влијанието на политики за мигранти преку пристапот заснован на правата , при промовирање на  концептот „Права на младите”:
  • Разменување на добри практитки за нови политики во контекст на мигрантите, бегалци, кои се однесуваат на нивното влијание врз популација (млади) од платформите во секоја земја;

Повеќе...