tl_files/docs/eplus/images/2018/logo_erasmus_plus001_0.png   https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/anniversary_en
     
tl_files/docs/eplus/images/2018/500x69_Banner_E+PRP.png

Известување за странките на Националната агенција

Националната агенција за европски образовни програми и мобилности ги информира корисниците на програмата Еразмус+ и придружните иницијативи, како и сите други странки дека телефонскиот број на Националната агенција (02) 3109 045 е повторно во функција.

Вработените на Националната агенција се повторно достапни за јавноста секој работен ден во периодот од 07.30 до 16.30 часот.

Ви благодариме за трпението и разбирањето.

Со почит,

НАЦИОНАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ
ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ

ИНФОРМАЦИЈА ДО ЈАВНОСТА

Поради зголемен интерес на медиумите за јавниот повик за избор на правно лице за логистичка поддршка за реализација на активности од работните програми за 2018 година на програмите и иницијативите на Европската Унија кои Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги управува.

Почитувани,

Во текот на денешниот ден од страна на повеќе медиуми од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, беа побарани телефонски информации во врска со јавниот повик за избор на правно лице за логистичка поддршка за реализација на активности на националната агнеција. За доследно и целосно информирање на јавноста ве ивестуваме следното:

На ден 13.06.2018 година Националната агенција за европски образовни програми објави оглас бр.12/2018 за јавна набавка на услуги од агенција за организирање на настани (ПР агенција), на огласот од повеќе правни лица беше преземена тендерска документација, но понуда за огласот до крајниот рок беше доставена само од едно правно лице, Трговско друштво за туризам угостителство земјоделие и градежништво БАЛКАН НЕТ ТУРОПЕРАТОР ДООЕЛ Скопје. Во текот на постапката, од страна на правното лице не беше доставена банкарска гаранција со што јавната набавка се поништи, а на економскиот оператор му беше издадена негативна референца согласно Законот за јавни набавки.

По поништување на постапката, националната агенција на ден 24.08.2018 година објави повторно оглас бр.18/2018 за јавна набавка на услуги од агенција за организирање на настани (ПР агенција), на повторениот оглас не беше поднесена понуда од ниеден економски оператор, националната агенција го поништи и вториот повик поради не поднесени понуди.

По поништувањето на двете постапки од страна на националната агенција за предвидените активности беше зголемен максималниот буџет за реализација на истиот, поради дополнителна обврска што произлезе од донесената нова програма Европски солидарен корпус.

Согласно договорот кој националната агенција го има склучено со Европската комисија, националната агенција има право да објави јавен повик за избор на правно лице кое ќе спроведе логистичка поддршка, на ден 05.10.2018 година објави јавен повик за избор на правно лице за логистичка поддршка, од страна на националната агенција до сите економски оператори кои во претходните две постапки имаа преземено тендерска документација во два наврати беше испратен јавниот повик по е-маил со цел да добие што повеќе понуди од страна на економските оператори и да ја зголеми транспаретноста, јавниот повик беше објавен и на веб страната на националната агенција.

На ден 10.10.2018 година по затворање на јавниот повик од страна на комисијата за избор при Националната агенција беа разгледани доставените понуди, и беше извршен избор на правно лице, кое ги исполнува претходно зададените критериуми. Вкупно беа поднесени седум понуди од страна на економски оператори од кои шест ги задоволуваа техничките критериуми додека еден од економските оператори не продолжи во следната фаза, квалитетна проверка. Од шест поднеени понуди, согласно бодувањето кое го направи комисијата, на јавниот повик беше избрано правното лице Друштво за сценско-културни дејности КЛС ДООЕЛ Скопје, за што на ден 19. 10.2018 година беше склучен и договор помеѓу двете страни.

Согласно договорот со правното лице, националната агенција започна со реализација на активности кој од страна на правното лице КЛС ДООЕЛ Скопје, беа успешно, професионално и одговорно организирани за сите настани вклучувајќи ги и оние кои беа предвидени да се одржат во помал број а се организираа во поголем, докази за истите можете да пронајдете на нашата официјална веб страна www.na.org.mk и на нашиот фејсбук профил https://www.facebook.com/na.org.mk/?ref=br_rs . Воедно ве известуваме дека националната агенција е должна да ги спроведе сите предвидени активности и за истите ја известува Европската комисија.

На самиот крај ги повикуваме сите заинтересирани да ни се обратат преку нашата официјална маил адреса info@na.org.mk за сите дополнителни информации кои им се потребни, кои од наша страна во најкус можен рок ќе им бидат обезбедени.

Со почит,

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Моментално нема новости.

ОДРЖАНИ ДВЕ РАБОТИЛНИЦИ ВО НА ЗА МОБИЛНОСТ ВО ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ

Четврток, 24 јануари 2019 година

На 23 јануари, во просториите на Националната агенција, се одржаа две работилници за разгледување на апликациите за пријавување во пресрет на рокот за аплицирање 5.2.2019 година, за Клучна акција 104 - мобилност од областа на образование на возрасни.

На работилницата присуствуваа претставници од многу невладини организации, потоа од здруженија и од компании.

Работилниците ги водеше Драгица Ивановска, одговорно лице за Клучна акција 104 - мобилност во областа на образование за возрасни.

Повеќе...

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ВО ОПШТИНА ШТИП

Среда, 23 јануари 2019 година

tl_files/docs/eplus/2019/photos/jan/shtip/stip.jpgНа 18 јануари во просториите на Општина Штип, претставничките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска Петрески од Одделението за ИКТ и европски образовни мрежи, г-ѓа Марија Стефковска од Одделението за мобилности од областа на стручно и училишно образование и г-ѓа  Мила Протугер Анастасова од Одделението за еТвининг, одржаа работилница за Клучната акција 102, која е наменета за стручно образование, потоа за еТвининг платформата и за мрежите Европас и Еврогајденс.

На работилницата присуствуваа по неколку претставници  од средните стручни  училишта од Штип: ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, СОУ „Јане Сандански“, СОУ „Коле Нехтенин“, ДСУ „Искра“, СОУ „Димитар Мирасиев“, вкупно 30 наставници од истоимените училишта.

Во рамките на работилницата беа презентирани потребните документи и апликационен формулар за успешно аплицирање во акцијата КА102, при што беа објаснети чекор по чекор пополнувањето на апликацијата за КА102, потоа отворањето на ПИК број, објаснување каде се наоѓа Водичот за корисниците на веб-страницата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Повеќе...

Студентски практики за дигитални вештини во рамки на програмата Еразмус +

Дигитализацијата бара од сите нас, независно од возраста и професијата да стекнеме вештини кои ќе ни дозволат да ги користиме дигиталните технологии, како на нашето работно место, така и во приватниот живот.

Со цел што поголем број на граѓани во Европа да се стекнат со овие дигитални вештини, Европската комисија започна неколку иницијативи. Во јануари 2018 година се донесе Акцискиот план за дигитална едукација file:///C:/Users/ALexb/Desktop/action%20plan%20-%20IKT%20-%20EK.pdf (Digital Education Action Plan), со единаесет конкретни активности за поддршка и подобра искористеност на дигиталните технологии во образованието, развој на дигиталните вештини, како и подобра искористеност на податоците во образованието.

Европската комисија, исто така ја објави програмата “Обуки за дигитални можности” (Digital Opportunity Traineeships), за напредни дигитални вештини во рамки на меѓугранични обуки за студенти од сите дисциплини.

Тоа што е особено значајно за нас е што оваа програма е отворена за студенти и претпријатија од Македонија. Ова нуди можност за сите млади да добијат искуство во дигиталната сфера, поточно во делот на анализа на податоци, сајбербезбедност, но и многу други теми.

Повеќе...

РЕАКЦИЈА на објава на порталот "Економски лидер"

На ден 05.01.2019 година од страна на порталот "Eкономски лидер" е објавен долу наведениот текст, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност остро ги демантира изнесените информации за наводно противзаконско доделување на договор за јавна набавка, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е речиси 10 години корисник на услугите на „Опен мајд солушнс ДООЕЛ-Скопје“, која е компанија што се занимава со изработка и одржување на софтвер за финансиски работење на агенцијата.

Повеќе...

25-12-2018 18:45

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ – EAC/A03/2018: ЕРАЗМУС+ 2019

 

18-1432/2 од 25.12.2018год.

Овој повик за предлог проекти се базира врз основа на Регулатива (EУ) бр. 1288/2013 на Европскиот парламент и Советот на 11 декември 2013 воспоставувајќи ја програмата ‘Еразмус+’: Програмата на Европска унија за образование, обука, млади и спорт и укинување на одлуките бр. 1719/2006 / ЕК, бр. 1720/2006 / ЕК и бр. 1298/2008 / ЕК ([1]), како и на 2018 и 2019 Еразмус+ Годишните работни програми. Програмата Еразмус +  го опфаќа периодот од 2014 до 2020. Генералните и специфичните цели на Еразмус + се наведени во членовите 4, 5, 11 и 16 од Регулативата.

Повеќе...

ТАС настан: ШТО СЕ ГРЕШИ? КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ГРЕШКИТЕ ВО ERASMUS + ПРОЕКТИТЕ

ОБУКА

24-30 март 2019 | Унгарија

Обуката има за цел да им помогне на новите корисници на Еразмус + (младински работници, младински лидери и проектни менаџери) да ги идентификуваат најчестите грешки кога ги организираат Е + Младинските проекти, да изнајдат начини како да спречат настанување на вакви  грешки и да изнајдат алтернативни решенија кога ќе се појават.
Цели:

  • Да се идентификуваат кои се најчестите грешки во Е + проектите за време на подготовката, спроведувањето и следните фази;
  • Да се издвојат практики кои спречуваат тешки ситуации во Е + проектите и да пораснат шансите за добивање добри резултати;
  • Да се признае дека грешките се дел од циклусот на природно учење и дека можеме да учиме од нив;
  • Да се изнајдат стратегии и техники за управување и конструктивно справување со грешките во младинските проекти на организациско ниво;

Повеќе...

ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ЕВРОПАС И ЕВРОГАЈДЕНС

Петок, 14 декември 2018 година

Преставничката од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Анабела Насковска-Петрески, денеска одржа Презентации за Европас и Еврогајденс во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, кои беа наменети за учениците од трета година.

На учениците им беа објаснети европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс, со посебен фокус на Европас кратката биографија и Европас јазичниот пасош.

Повеќе...

УЧЕСТВО НА ТРЕНИНГ/КУРС ЗА НОВОДОЈДЕНИ ВО НАЦИОНАЛНИТЕ АГЕНЦИИ

Четврток, 13 декември 2018 година

Во периодот од 26 до 30 ноември 2018 година, во Брисел, се одржа тренинг - курс за новодојдените во Националните агенции, на којшто учествуваа 28 учесници од од 14 Национални агенции од Европа .

Главен акцент на тренингот беше ставен на активностите во спроведувањето на програмата за Млади - неформално учење, на којшто од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, учествуваше Драгица Ивановска од Одделението за стратешки партнерства од областа на стручно и училишно образование. Целта на оваа обука е да развие холистичко разбирање и познавање на новодојденците за Европските младински програми и за можностите/поврзаноста помеѓу различните делови од програмите. Потоа да се ​​развијат надлежностите на новодојдените за поврзување на спроведувањето на програмите со вредностите и општите цели на самите програми и младинската политика на ЕУ.

Повеќе...

Младите го менуваат погледот за миграцијата и човековите права во Европа

Среда, 12 декември 2018 година

На 10 декември - Меѓународниот ден на човековите права беше иницирана бура со пораки преку „Twiter” со ознака #YoungTogether, која допре до повеќе од 650.000 лица во еден ден.

Илјадници млади луѓе и организации во Европа, како и 6 Национални агенции кои управуваат со програмата Еразмус+ (Австрија, Финска, Италија, Македонија, Естонија и Словенија) се соединија со цел да испратат јасна порака за Меѓународниот ден на човековите права, до младите луѓе, мигрантите и бегалците кои се залагаат за човековите права и против омразата.

Беше споделена визија на обоена, еднаква и инклузивна Европа за сите.

Повеќе...

Учество на Годишната директорска конференција на Национални агенции во Брисел

tl_files/docs/eplus/2018/Images/dec2018/brisel/brussel21snoe.jpgСреда, 12 декември 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, заедно со вработените: Лулеса Илјази, Снежана Симоновска, Љупка Ќурчиева, Maja Колекеска и Милена Петрушевска присуствуваа на Годишната директорска конференција на Национални агенции, што се одржа од 20 до 22 ноември 2018 година, во Брисел.

За време на настанот се одржуваа и паралелни сесии по одделни полиња од Еразмус+ програмата: училишно образование, стручно образование и обука, високо образование, образование за возрасни, млади и спорт и меѓународна димензија на високо образование. 

Повеќе...