Архива на новости

Јануари 2020

OДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА СО ЕРАЗМУС КООРДИНАТОРИТЕ ОД УНИВЕРЗИТЕТИТЕ

Четврток, 30 јануари 2020 година

На 29 јануари, во просториите на Националната агенција, се одржа работилница со Еразмус координаторите од универзитетите/високообразовните институции.

На работилницата се презентираше делот за трендови во високото образование во Македонија, можностите кои ги нуди проектот Студирај во Европа, а воедно акцент се стави на новитетите во делот на апликациите за Еразмус чартер, како и апликациските формулари за програмата Еразмус+, КА103 и КА107.

Повеќе...

ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ МРЕЖИ

Четврток, 30 јануари 2020 година

На 28 јануари се одржа презентација за европските образовни мрежи Европас и Еврогајденс во ООУ Гоце Делчев - Илинден, на која присуствуваа 35 наставнички и стручната служба од ООУ Гоце Делчев - Илинден. 

На учесниците, кои беа присутни на презентацијата, им беа објаснети какви сè можности и документи нудат овие две мрежи. 

Повеќе...

СТУДИСКА ПОСЕТА НА ЕВРОПАС ЦЕНТАРОТ ВО ЧЕШКА

Четврток, 30 јануари 2020 година

Претставнички на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на 21 и 22 јануари беа во студиска посета на Европас центарот во Чешка.

Студиската посета е дел од тригодишната програма на Европас центарот што делува во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

На студиската посета беа разменети искуства и добри практики во однос на документите и начинот на работење со Европас мрежата, како и новата платформа на Европас.

Повеќе...

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ КОРИСНИЦИ НА ЕРАЗМУС+ и ЕВРОПСКИ СОЛИДАРЕН КОРПУС

Почитувани потенцијални корисници,

Национаната агенција за европски образовни програми и мобилност ги известува заинтересираните потенцијални корисници на ЕРАЗМУС+ програматаи Европски солидарен корпус дека на ден 01.02.2020 година (САБОТА) во период од 08:00 до 20:00 часот 

Повеќе...

Повик за пријавување на учесници за Инфо ден за програмата „Европски солидарен корпус“

На 24 јанаури 2020 година, од 13.00 до 15.00 часот, во просториите на НА, ќе се одржи инфо ден за програмата „Европски солидарен корпус“ на Европската комисија.
Цел на овој настан е информирање на сите заинтересирани потенцијални корисници за можностите кои се отвораат преку програмата „Европски солидарен корпус“. Присутните детално ќе бидат запознаени со т.н. Волонтерски активности и Солидарни проекти кои ќе бидат достапни и отворени за аплицирање во НА.

Повеќе...

Известување за работа во алатката Mobility tool

Ве известуваме дека алатката за пополнување и поднесување на финални извештаи “Mobility Tool+ - MT+” нема да биде во функција од 14.01.2020 до 16.01.2020 (15.30 часот).

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК за дополнување на база на ангажирани експерти во рамките на мрежата ЕВРИДИКА

Врз основа на предвидените цели и задачи за имплементација на ЕВРИДИКА, како и решението бр. 18-59/2 од 14 јануари 2020 година, донесено од Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ), како национална единица за ЕВРИДИКА во Република Северна Македонија, објавува:

Повеќе...

Прирачник за системот за регистрација на нови организации за акции управувани од националните агенции

Од 22 октомври 2019, организации кои учествуваат или имаат желба да учествуваат во акциите Еразмус+ или Европски солидарен корпус управувани од Националната агенција (децентрализирани клучни акции) треба сами да управуваат со информациите за нивните организации преку новиот систем за регистрација на организации.

 

Повеќе...