Нова брошура за ЕВРИДИКА

tl_files/docs/eplus/eurydice/2016pub/Brochure2016-de-rsz.png   tl_files/docs/eplus/eurydice/2016pub/Brochure2016-rsz.png   tl_files/docs/eplus/eurydice/2016pub/Brochure2016-fr-rsz.png
DE   EN   FR

Евридика извештај: Младинската работа и претприемничкото учење

tl_files/docs/eplus/eurydice/2017pub/screen_youth_entrepreneurship.png

Европската унија и нејзините Земји членки ги промовираа претприемничките вештини и компетенции помеѓу младите луѓе како насока за активно учество во општеството. Досега улогата на младинска работа во негувањето на претприемничкото учење беше недоволно прикажувана. Овој извештај и неговите анекси ги презентираат резултатите од една поголема студија за мапирање, опишување и анализирање на придонесот што го има младинската работа во поддршката на младите луѓе за стекнување на компетенции што ќе им помогнат да ги исполната своите стремежи и да станат активни граѓани на Европа.

Повеќе...

Евридика извештај: Време алоцирано за настава во редовното задолжително образование во Европа за 2016/2017 година

tl_files/docs/eplus/eurydice/2017pub/157px-208_EN_TT_2016_17_cover.jpgСоветот на Европската Унија  постави за цел лошите постигања во писменост, математика и наука кај 15 годишниците да се намалат под 15% до 2020 година. Но како европските земји ќе го постагнат ова? Ефективности учење зависи од многу фактори, но еден клучен елемент во процесот на учење на учениците е времето за настава кое што им е достапно. Како замјите ќе го организираат ограниченото време помеѓу различни предмети, осигурувајќи при тоа дека сите ученици имаат можност да го развијат својот потренцијал за учење во различни области?

Овој извештај го проучува препорачаното минимално време за настава во редовното задолжително општо образование во учебната 2016/2017 година во 42 европски образовни системи. Конкретно од Македонија, за овој извештај се обезбедени податоци за времето за настава по сите предмети во основно и средното образование. Извептајот вклучува и национални дијаграми што ги прикажуваат податоците по година и по предмет.

Повеќе...

Евридика извештај: Учењето странски јазици во училиштата во Европа - Издание 2017

tl_files/docs/eplus/eurydice/2017pub/113px-Cover_KD_Languages2.jpgВо Европа има преку 600 официјални јазици. Европа е континент на значаен лингвистичка разнообразност, и истата се повеќе се зголемува со последните миграциски бранови. Изданието на Клучни податоци за учењето јазици во училиштата во Европа од 2017 година ги опишува главните образовни политики за наставата и учењето странски јазици цо 42 образовни системи во Европа.

Некои од прашањата што се одговорени во овој извештај се следните:

  • Колку време учениците поминуваат во учење странски јазици?
  • Кои се 10-те странски јазици што вообичаено се нудат за учење во училиштата?
  • Дали наставниците по странски јазици патуваат во странство за обука?
  • Колку ученици со мигрантско потекло го зборуваат наставниот јазик дома?
  • И уште многу други.

Повеќе...

Евридика извештај: Структурни индикатори за следење на системите за образование и обука во Европа 2016

tl_files/docs/eplus/eurydice/2016pub/126px-205_EN_JAF_2016_vignette.jpgОвој Евридика извештај содржи повеќе од 30 детални структурни индикатори, ажурирани графикони, дефиниции, белешки за поедини земји и кракта анализа на скорешниот развој во јавната политика и реформи во пет области: претшколско образование, постигнувања во основните вештини, рано напуштање на образованието и обуката, високо образование и вработеност на дипломци.

 

 

Повеќе...

Евридика издание: училишен и академски календар во 37 земји членки на мрежата

Во рамките на Евридика, објавени се училишниот и академскиот календар на 37 земји членки на мрежата. Овие календари даваат преглед на националните податоци за должината на улилишната/академската година, почеток и крајот на улилишната/академската година, должината и распоредот на празниците и бројот на работни денови. Клучните забелешки се прикажани преку компаративни графикони.

tl_files/docs/eplus/eurydice/2016pub/Academic Calendar 2016-17 - Copy.jpg   tl_files/docs/eplus/eurydice/2016pub/Dzchool Calendar 2016-17.jpg

Повеќе...