School Education Gateway вебинари на тема "Развој на ваш проект за претприемничко образование - Помош за остварување на вашите идеи"

Вебинар #2: 01 септември 2017

tl_files/docs/eplus/images/2017/entrecomp.png

Претприемничките вештини се трансверзални вештини- тие можат да бидат развиени од најмала возраст и по сите предмети. Најпрво во оваа сесија ќе Ви биде претставено како да ја користите Ентрекомп рамката, поттикнувајки ги  Зошто и Како прашањата за разбирање на резултатите од претприемничкото учење од вашиот проект.

Второ, ќе Ви бидат дадени корисни совети за тоа каде и како да се воведе претприемачко учење во различни типови на проекти.Дознајте како да ги пренесете квалитетот и ефективноста на претприемачкото учење во вашиот проект!

Вебинарот ќе се одржи во петок на 1 септември во 12.30 попладне по централно европско време. Тој ќе се однесува на процесот на учење, и исто така ќе ви бидат претставени повеќе информации за Ентрекомп.Се надеваме дека ќе можеме да вклучиме координатори на проекти кои што се реализираат во моментов или пак се завршени заради споделување на искуствата со вас. Регистрирајте се за вебинарот тука.

Кои се вашите прашања? На кои теми би сакале да се дискутира? Информирајте не’ со тоа што ќе додадете коментари во полето кое што се наоѓа најдолу  на страницата!Ние ќе се потрудиме да ви одговориме на сите прашања.

Назад