Евридика извештај: Младинската работа и претприемничкото учење

tl_files/docs/eplus/eurydice/2017pub/screen_youth_entrepreneurship.pngЕвропската унија и нејзините Земји членки ги промовираа претприемничките вештини и компетенции помеѓу младите луѓе како насока за активно учество во општеството. Досега улогата на младинска работа во негувањето на претприемничкото учење бешенедоволно прикажувана. Овој извештај и неговите анекси ги презентираат резултатите од една поголема студија за мапирање, опишување и анализирање на придонесот што го има младинската работа во поддршката на младите луѓе за стекнување на компетенции што ќе им помогнат да ги исполната своите стремежи и да станат активни граѓани на Европа.

Оваа студија се базира на едно пошироко прибирање на податоци за младинската работа и претприемничкото учење во сите Земји членки на ЕУ, сумирано во 28 извештај за поединечните земји, попис на 114 добри практики и 12анализи нa поединечни проекти. Истата потврдува дека младинската работа има важна улога, но сепак подобрувањата треба да бидат направени во однос на рамките за политиките, како и во однос на партнерствата на национално, регионално и локално ниво. Извештајот дава конкретни препораки на креаторите на политиките, како во формалното образование така и за младинските организации, како да го зголемат влијанието на претприемничкото учење на младите.

Извештајот е достапен на следниот линк.

Назад