Јавна дискусија „Зошто е потребен законот за млади“

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/zakonmladi/50695555_10156922193198116_7027197014634921984_n.jpgСреда, 30 јануари 2019 година

На 30 јануари 2019 година, во хотел „Парк Резиденс“, во Скопје, се одржа јавна дискусија на тема „Зошто е потребен законот за млади“.

Овој настан е дел од серија на јавни консултации на национално ниво кои се организираат со младите и други засегнати страни, кои активно учествуваат во креирањето и во имплементацијата на политиките за млади.

Настанот е поддржан од Прогрес Институт за социјална демократија и Фондацијата „Калеви Сорса“ од Финска. 

Јавната дискусија ја водеше Марија Мерковска, Прогрес Институт за социјална демократија, а  говорници на дискусијата беа:

  • Дарко Каевски, претседател на СДММ;
  • Јован Јаулески, УМС ВМРО-ДПМНЕ;
  • Куштрим Ала, Форум на млади на ДУИ;
  • Блажен Малески, претседател на НМСМ.   

Од сите присутни говорници на овој настан беше истакната важноста од учеството на сите подмладоци на политичките партии во периодот на подготовка на нацрт- текстот на законот за млади.

Истовремено беше нагласена и подготвеноста на усогласување на одредени ставови на подмладоците на политичките партии со останатие страни, кои активно работат на финален текст на овој закон и негово усвојување во Собранието на Република Македонија.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност учествува во процесот на подготовката на законот за млади со свој претставник, г-ѓа Снежана Симоновска, раководител на Сектор за индивидуална мобилност.

На денешната јавната дискусија, г-ѓа Снежана Симоновска со коментари и предлози за нацрт-текстот на законот за млади активно учествуваше во дискусијата со присутните на настанот.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/zakonmladi/51075961_10156922193128116_6085280639030919168_n.jpg

Назад