ПОДГОТВИТЕЛЕН СОСТАНОК НА ПАРТНЕРИТЕ ОД СТРАТЕГИСКОТО ПАРТНЕРСТВО „МЛАДИ НА РАБОТА“ ЗА ОБУКА НА ТРЕНЕРИ И КРЕИРАЊЕ НА БАЗА НА ТРЕНЕРИ

Среда, 30 јануари 2019 година

На 15 и 16 јануари 2019 година, во Мадрид, беше одржан состанок на партнерите од Стратегиското партнерство „Млади на работа“.

На состанокот како претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност присуствуваа г-ѓа Лулеса Илјази, раководител на Сектор за стратегиски партнерства од областа на образованието, обука и млади и г. Јовица Митевски од Одделение за стратегиски партнерства од областа на млади и структурен дијалог.

Целта на овој состанок беше креирање на содржинскиот дел од обуката за тренери како прва фаза од партнерството „Млади на работа“, кој ќе резултира со поставување на базата на тренери.

Претставниците на Националната агенција од Македонија дадоа контрибуција кон креирање на содржината во бенефит за ситуацијата во Македонија од полето на стручно образование и млади од аспект на приоритетите за вработување, дигитални и претприемнички компетенции, рамноправност во претприемништвото и вештини при вработување. 

Од аспект на базата на тренери беа поставени критериуми кои тренерите треба да ги поседуваат за да биде комплетиран првиот дел од Стратегиското партнерство „Млади на работа“.

Обуката на тренери ќе се одржи во Мадрид од 5 до 9 март 2019 година, а двајца тренери од Македонија ќе присуствуваат на овој настан со поддршка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/madrid/20190115_124242.jpg

Назад