Повик за контакт семинар во Сплит, Хрватска

tl_files/docs/eplus/images/2016/Panorama_Dzplit_2jpg.jpg

Тема: Поврзување на јавните власти и образовните институции во Еразмус+ (Connecting Public Authorities and Educational Institutions in Erasmus+)

Целта на тренингот:

Целта на овој контакт семинар е да овозможи соработка на локални и регионални власти и образовните институции со единствена цел за дизајнирање на Еразмус+ проекти кои се засновани на модернизација и интернационализација на образование и обука.

Овој семинар претставува можност за наоѓање на Европски партнери со слични интереси за развивање на проекти идеи за нови Еразмус+ Стратешки Партнерства (КА2) во полето на училишно образование, стручно образование и обука и/или образование на возрасни.

Контакт семинарот ќе се реализира во Сплит, Р. Хрватска од 9 до 11 ноември 2016.

Таргет група:

-          Таргет група за тренинг курсот се училишта, градинки, менаџери, креатори на политики, истражувачи, експерти, сите професионалци кои се занимаваат со осигурување на квалитетот  во ВЕТ и претставници на институциите кои се вклучени во оваа тема и во Секторот на образование на возрасни.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 4 места за учесници (1 место од областа на училишно образование, 2 од областана на стручно образование и обука и 1 од областа на образование на возрасни).

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

-           Трошоци за контакт семинарот кои изнесуваат 50 евра и се плаќа од Ваша страна на самиот организатор (Националната агенција од Хрватска);

-          Организациски трошоци (сместување, храна) најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

-          Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

-          Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

 

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до  05 септември 2016 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк, и истата скенирана со печат и потпис пратете ја на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Хрватска – и областа за која аплицирате„.

Назад