Повик за тренинг курс во Полска за училишно образование

Целта на тренингот:

Тренинг курсот има за цел  подобрување  и евалуација на методите во наставата, размена на добри практики и искуства како и подршка при вмрежување и склучување партнерства меѓу училиштата и организациите.

Тренинг курсот ќе се реализира во Констанцин –Језиорна/ Варшава, Полска од 10 до 13 септември 2015.

Таргет група за тренинг курсот се училишта кои имаат искуство со проекти со краткорочни размени од областа на училишното образование од програмата Еразмус+.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 3 места за учесници (професори од училишта) од Република Македонија.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

-          Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

-          Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

-          Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање до 3 јули 2015 година.

За да аплицирате за горенаведениот тренинг курс најпрво регистрирајте се во SALTO  и аплицирајте  на следниот линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/yse-youth-and-school-exchanging.5008/

Назад