Презентација за европски образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUN2018/kumanovo/IMG_6270.jpgСреда, 27 јуни 2018 година

Денеска во ООУ „Христијан Карпош“ - Куманово се одржаа презентации за европските образовни мрежи Европас, Еврогајденс и еТвининг.

На презентациите покрај наставниците и стручната служба од ООУ „Христијан Карпош“ - Куманово  присуствуваа и наставници и стручна служба и од други училишта како што се ООУ „Крсте Мисирков“ - Куманово, ООУ „Христијан Карпош“ - с. Младо Нагоричане.

Целта на одржување на овие презентации е запознавање на наставниците и стручната служба со можностите и бенефициите кои ги нудат европските образовни мрежи и Националната агенција за европски образовни мрежи и програми.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/JUN2018/kumanovo/IMG_6265.JPG

Назад