ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА ИНИЦИЈАТИВА ЕВРИДИКА И МОЖНОСТИТЕ НА ЕРАЗМУС +

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/eurydice29feb/DDzC_0023.JPGПонеделник, 4 февруари 2019 година

На 31 јануари, во рамките на завршната конференција од проектот „Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурувањето рамноправност и квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување“, беа презентирани европската иницијатива Евридика и можностите на програмата Еразмус +.

На конференцијата учествуваа голем број на претставници од градинките,  Министерството за труд и социјална работа, Европската делегација, образовните институции кои работат во полето на предучилишно образование и од граѓанските  организации.

На присутните им беа посочени конкретно можностите кои програмата Еразмус +, ги нуди во делот на предучилишно образование (мобилности и стратешки партнерства), како и начинот, постапката и роковите за аплицирање.

Исто така, беше презентирано какви сè податоци, студии и анализи се содржани во иницијативата Евридика, а кои се однесуваат на предучилишното образование.

Претставник на настанот од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, беше Маја Колекеска.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/eurydice29feb/DDzC_0073.JPG

Назад