ПРИСУСТВО НА СОСТАНОК НА ГРАНТИСТИТЕ ОД КА2 ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА 2019 ГОДИНА

Четврток, 7 февруари 2019 година

На 28 и 29 јануари 2019 година, во Брисел, во организација на EACEA, се одржа состанок на грантистите од КА2 за градење на капацитетите во високото образование за 2019 година како поддршка на модернизацијата, достапноста и интернационализацијата на високото образование во партнерските земји на Еразмус+ програмата.

На состанокот, како претставник од НАЕОПМ, присуствуваше Милена Петрушевска, раководител на Одделението за буџетска координација.

Целта на овој состанок беше давање насоки за управување со добиените грантови, како и размена на знаење, контакти и вмрежување.

Во рамките на состанокот беа одржани и посебни средби и консултации со претставниците од Западен Балкан.

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/brussels/28-29.1.2019, Brisel.jpg

Назад