РАБОТНА СРЕДБА ЗА ЕТВИНИНГ EВРОПАС И ЕРАЗМУС+

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/ljubenlape/LL2.jpgПонеделник, 11 февруари 2019 година

На 8 февруари, во основното училиште „Љубен Лапе”, беше одржана работна средба за мрежите еТвининг, Еуропас и Еразмус+програмата, на која присуствуваа 22 претставници од училиштето.

Целта на одржување на оваа работна средба беше запознавање на наставниците со мрежите Етвининг и Европас, како и со програмата Еразмус+ и можностите кои ги нудат за наставниците и учениците.

На презентацијата се обрати и наставничката Јасминка Костадиновска, која имаше свое излагање во врска со нејзиното позитивно искуство со мрежата еТвининг и претставување на своите проекти пред другите наставници, со цел тие да се запознаат подобро со можностите на оваа онлајн платформа.

 

tl_files/docs/eplus/2019/photos/feb/ljubenlape/LL3.jpg

Назад