ТАС настан: 100 % младински град – меѓу секторски реформи за локалните младинските политики

Тренинг курс

11-17 ноември 2018 | Брага, Португалија

100% Младински град е интегриран акционен план на Локалните младински политики со меѓу секторски пристап кој е фокусиран на анализите за потребите на младите преку процес за младинско учество. Го опфаќа предизвикот за неактивни млади со кои се соочуваат многу градови во Европа.

Овој тренинг е пракса преку која се комбинираат евалуација споредување на стандарди, неколку методологии развиени во ЕУ, високо ниво на учество, отворена метода за координација, структурен дијалог и ко-менаџмент.

Цели:

- Да се промовира неформалното образование и да се обезбедат методологии и алатки за развој на Локалните младински политики;

- Учесниците да се стекнат со методи за како да го пренесат своето знаење и искуство кога работат со млади;

- Да се направи отворен простор за развој и размена на добри пракси, алатки и методи;

- Учесниците да се запознаат со можностите преку Е+ програмата за младите, со акцент на КА2 и КА3;

- Да се навлезе подетално во концептот на Структурен дијалог во рамките на тековното ЕУ претседателство;
Да се разбере младинската работа и концептот на ко-менаџмент;

- Да се разбере концептот Отворен медот на координација во рамките на програмата Е+.

Овој тренинг има намера да придонесе за ефективна соработка на претставници кои се избрани во општините, младински работници и младински лидери од локално, регионално и национално ниво преку кревање на свесноста за неформалното образование.

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 13 септември 2018 година на следниов линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/100-youth-city-cross-sectorial-reforms-on-local-level-youth-policy-methodology-from-100-youth-city-quality-label-for-youth-friendly-cities.7498/

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени  од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 2 лица да земат учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на невладина организација која работи на полето на млади и структурен дијалог во Македонија.

Назад