ТАС Настан: Моќта на неформалното образование (10-15 декември, Унгарија)

tl_files/docs/eplus/epdocs/TCA/tca_Budapest.jpgТренинг курс

10-15 декември 2017 /Будимпешта, Унгарија

Подобрување на влијанието на неформалното образование, принципите и методите во креирање на можностите за вработување на младите лица како виситнски актери во општеството (од локално до европско ниво).

Зошто овој тренинг курс?

  • Да се стимулираат учесниците  како да се рефлектираат преку моќта на неформалното обрзаование со експериментирање на не-формалните образовни методи;
  • Анализирање на улогата на НФО во различните земји со заедничка Европа;
  • Дебатирање за Европската стратегија на НФЕ;
  • Борба против растот на потрошувачки пристапи кон младите луѓе во областа на неформалното образование;
  • Истражување на значењето, улогите и комплементарноста на различни образовни пристапи и методи (формални, неформални, информални);
  • Дебати за дневната младинска работа;
  • Разбирање на принципите за градење на програмата и НФО со Еразмус+ Млади во Акција.

Педагошки процес

Основниот проток за време на обуката се базира на:

  • Искусување: различни образовни поставувања, различни неформални образовни методи (улога, симулација, вежбање...) ;
  • Рефлектирање: за методите и нивните влијанија, за моќта и границите на НФО, за градење на педагошкиот процес ...
  • Пренесување: на сопствената реалност на учесниците, со цел да се подобрат начините на работа со младите луѓе;
  • Споделување: различни перцепции, тековни ситуации и искуства.
  • Развивање на: градење на капацитетите на учесниците, преку нивно вклучување во процесот на одлучување при дизајнирањето на проектот (учесниците ќе одлучат за некои сесии за кои сметаат дека треба да ги имаат), но исто така и во спроведувањето на програмата (моменти на "Моќ на луѓето" ). 

РАБОТНИ ДЕНОВИ

Работните денови ќе бидат 11 до 15 декември 2017 година. Денот на пристигнување ќе биде 10 декември, а денот на заминување 15 декември.

МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ

Настанот ќе се одржува во Будимпешта, град со енергична култура и општествен живот и главниот град на Унгарија

ЦЕЛНА ГРУПА НА УЧЕСНИЦИ

  • Млади луѓе, лидери, тренери, младински работници кои ќе бидат претставници на невладини организации
  • Постари од 18 години
  • Одлично познавање на агнлискиот јазик

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 09 октомври 2017 година на следниов линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/the-power-of-non-formal-education.6653/

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени  од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 2 лица да земет учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на невладина организација која работи на полето на млади и неформално образование во Македонија

 

 

 

Назад