ТАС Настан: Повик за контакт семинар во Прага, Чешка

Тема на контакт семинарот:Употреба на е-Твининг во КА2 партнерствата помеѓу училишта (Using eTwinning in KA2 School-To-School Partnerships)

Цел: Овој контакт семинар е организиран од страна на вработените во делот за училишно образование и делот за е- Твининг при Чешката национална агенција. Целта на овој семинар е да се промовира поврзаноста меѓу Еразмус + и е- Твининг, да ги поттикне учесниците во користењето на е- Твининг порталот за комуникација и соработка во КА2 проекти и да помогне во креирањето на мрежи меѓу наставниците вклучени во Еразмус+ и е-Твининг проекти.

На семинарот ќе учествуваат 25 наставници регистрирани преку Националните агенции и 25 наставници регистрирани преку е-Твининг порталот.

Контакт семинарот ќе се реализира во Прага, Чешка од 29 август до 1 септември 2018.

Таргет група:

-          Наставници од средно образование

-          Учесниците треба да бидат заинтересирани за изучување на е-Твининг и реализација на KA2 партнерства со користење на е-Твининг

-          Претходно познавање за е-Твининг не е потребно, но учесниците мора да бидат регистрирани на е-Твининг порталот пред датумот на започнување на семинарот.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано едно место за учесници од областа на училишно образование.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

- Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

- Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

- Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето;

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 18.06.2018 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака Контакт семинар Чешка.

 

Назад