ТАС Настан: Повик за студиска посета во Романија

Theme: Promoting entrepreneurial skills through formal and non-formal activities

Целта на тренингот:

На тренингот, учесниците ќе научат за:

- Образовните политики насочени кон претприемачки вештини и национални програми кои ќе придонесат за  зголемување на можностите при вработување.

- добри практики на европско / национално ниво насочени кон претприемништво,  социјално и емоционално учење;

- добри практики за обука на наставниците и обучувачите и начин за пренесување на знаењата до учениците;

- односот помеѓу центрите за обука на наставници, наставниците и училиштата и начинот на кој тие работат заедно;

- методи и алатки кои се користат и начинот на кој програмите за обука се организирани за да се справат во  конкретни ситуации;

- активностите на авторитетите од областа на образованието во врска со претприемачките вештини;

 

 Студиската посета ќе се реализира во Таргу Муреш, Р. Романија од 24 до 28 септември 2018.

 

Таргет група:

Студиската посета е отворен за учесниците од областа на училишното образование, стручните институции и/или јавната администрација:

-         Претставници на локални, регионални и национални власти;

-         Училишни инспектори и советници;

-         Директорите на образовните и професионалните институции, центри или провајдери;

-         Наставници, тренери за наставници;

-         Раководители на одделенија;

-         Советници.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 2 места за учесници од областа на стручно образование и обука и училишно образование.

 

 

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

-          Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

-          Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

-           Трошоците од Букурешт до Таргу Муреш се покриваат од страна на учесникот;

-          Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 16 јули 2018 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк и формуларот за регистрација. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Романија„.

 

Назад