ТАС Настан: Стратешки партнерства Плус, Иновација во образованието

Тренинг курс

21-25 Ноември 2017 | Букурешт, Романија

Тридневен настан кој има за цел развивање на остварливи крос-секторски Стратешки Партнерски за проекти од Клучната Акција 2. Тематскиот фокус оваа година ќе се оденсува на иновации во образованието. 

Цели

  • За да креирате простор за развивање на партнерства за поднесување на добра и квалитетна апликација како и имплементирање на ефективни крос-секторски Стратешки Партнерства
  • Обезбедување на потребните информации и вештини за разбирање и имплментирање на вакви партнерства
  • Обезбедување на просотор за споделување на знаење и искуства помеѓу организациите на сите видови на активностите на учење.

Настанот ќе го опфати процесот на учење преку различни методи на учење при што фокусот ќе биде даден на разбирање на концептот и специфичностите на работењето на меѓународни проекти.  Ќе се користи микс од тренинг, работилници, дискусии ќе биде направен додека се презентираат резултатите од работата на пленарната седница. Активностите ќе бидат предводени од искусни консултанти со широко разбирање на процесот на учење и стратешки партнерства во рамките на Еразмус +.

На овој настан ќе земат учество претставници од училишта, ВЕТ организации, универзитети, јавни институции, младински асоциации, невладини организации и компании.

РАБОТНИ ДЕНОВИ

Работните денови ќе бидат 22, 23 и 24-ти ноември 2017 година. Денот на пристигнување ќе биде 21 ноември, а денот на заминување 25-ти ноември.

МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ

Настанот ќе се одржува во Букурешт, град со енергична култура и општествен живот и главниот град на Романија.

ЦЕЛНА ГРУПА НА УЧЕСНИЦИ

  • Младински работници, претставници на невладини организации кои сакаат да развијат партнерства од различни полиња
  • Постари од 18 години
  • Одлично познавање на агнлискиот јазик

КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 02 октомври 2017 година на следниов линк:

https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/strategic-partnerships-plus-innovation-in-education.6797/

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени  од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);
  • Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од домаќинот за одредени тренинзи и може да побара контрибуција за сместувањето.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе овозможи 3 лица да земет учество на овој меѓународен тренинг. Лицата треба да бидат претставници на невладина организација која работи на полето на млади и неформално образование во Македонија.

Назад