ТСА Настан: Повик за контакт семинар во Рим, Италија

Тема (Theme):  Еразмус+ за еднаквост и инклузија (Erasmus+ for equity and inclusion)

Целта на тренингот:

-         Да се даде можност за создавање на партнерства кои ќе поднесуваат успешни апликации како и ефективно имплементирање на КА1 и КА2 проекти;

-         Да се обезбедат потребните информации и вештини за разбирање и имплементирање на таквите партнерства;

-         Да се даде можност за размена на искуства и знаења меѓу организациите кои се вклучени во сите видови на активности за учење;

-         Контакт семинарот ќе се реализира во Рим, Италија од 23 до 24 ноември 2017.

Таргет група:

-         Таргет група за контакт семинарот се наставници од училишта, тренери, едукатори, комори, институции од образование, претпријатија и т.н..

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има резервирано 2 места за учесници од областа на стручно образование и обука.

Трошоци

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

-         Организациски трошоци (сместување, храна) кои најчесто се покриени од  домаќинот или координаторот;

-         Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА Македонија);

-         Самиот учесник (индивидуално) најчесто покрива 5% од висината на патниот билет, освен ако нема побарување од  домаќинот за одредени тренинзи и  може да побара контрибуција за сместувањето.

Рок и начин за аплицирање

Рокот за аплицирање е до 17 септември 2017 година.

За да аплицирате за горенаведениот контакт семинар пополнете ја следната апликација линк. Истите скенирани со печат и потпис пратете ги на следниот tca@na.org.mk  со назнака „Контакт семинар Италија“.

 

Назад