Учество на Годишната директорска конференција на Национални агенции во Брисел

Среда, 12 декември 2018 година

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, г-ѓа Лидија Димова, заедно со вработените: Лулеса Илјази, Снежана Симоновска, Љупка Ќурчиева, Maja Колекеска и Милена Петрушевска присуствуваа на Годишната директорска конференција на Национални агенции, што се одржа од 20 до 22 ноември 2018 година, во Брисел.

За време на настанот се одржуваа и паралелни сесии по одделни полиња од Еразмус+ програмата: училишно образование, стручно образование и обука, високо образование, образование за возрасни, млади и спорт и меѓународна димензија на високо образование. 

Главен акцент на состанокот беше ставен на активностите во спроведувањето на Еразмус+ програмата, придружните истражувања и иницијативи, резултатите од работни групи кои функционираат континуирано од различни области и активностите кон новиот програмски период 2021-2027.

tl_files/docs/eplus/2018/Images/dec2018/brisel/brussel21snoe.jpg

Назад