08.07.2025 – 10.07.2025
Ларнака, Кипар
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Кипар, објавува јавен повик за учество на 2 учесника на активноста за обука и соработка „Развивање на вештини кои им овозможуваат на организациите корисници на проектите KA121 и KA122 да го измерат и проценат краткорочното и долгорочното влијание на нивните проекти” во полето на училишно, стручно образование и образование за возрасни која ќе се реализира во Ларнака, Кипар
Тема и цели на настанот:
Оваа активност за обука и соработка има за цел да ги надгради и подобри корисниците на проектите KA121 и KA122 со вештини потребни за да се олесни мерењето на влијанието на проектот за време и по имплементацијата на проектот.
Цели на активноста за обука и соработка се следниве:
• Да се обезбеди сеопфатно разбирање за тоа како да се идентификуваат специфичните KPI (Key Performance Indicators) неопходни за квантитативна и квалитативна евалуација на влијанието на проектот.
• Да се истражат различни алатки и методологии за мерење на влијанието што може да се користат насекаде низ животниот циклус на проектот.
• Последователни активности за евалуација: Прикажување тактики поврзани со активностите за евалуација по завршувањето на проектите.
Очекувани резултати:
Корисниците на веќе финансираните проекти ќе бидат подготвени за:
- Подобро разбирање за тоа како се поставени SMART целите и како да се редефинира нивниот сопствен проект.
- Подобрување на мерење на влијанието.
- Повеќе посветеност на континуирано подобрување на влијанието на проектот
- Поголема свесност за влијанието на нивните проекти дури и по финализирањето на нивните проекти.
Целна група на учесници:
Активноста за обука и соработка е наменета за искусни корисници на КА121 и КА122 тековни или финализирани проекти, во областите училишно образование, стручно образование и обука или образование на возрасни.
Целна група: Корисници на краткорочни и акредитирани проекти за мобилност Еразмус+ во областите на училишното образование, стручното образование и обука и образованието на возрасните, на пр., директори/наставници, СОО (стручно образование и обука) и возрасни - обучувачи, образовни професионалци.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Семинарот ќе се реализира во периодот од 08.07.2025 - 10.07.2025
(08.07.2025 е ден на пристигнување, 10.07.2025 е ден на заминување)
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување и сл.)
Крајниот рок за поднесување на апликации е 07.05.2025 година.
Аплицирање: https://salto-et.net/events/application/CY01_0739_TSS_2025
Забелешка: Известени и контактирани од страна на домаќинот – организатор на активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 учесника на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.