Име на мрежата: еТвининг (eTwinning)
Опис на мрежата:
еТвининг е платформа за училишен персонал (наставници, директори, библиотекари итн.) кој работи во училишта/предшколски институции во една од европските земји учеснички, за потребите да комуницираат, соработуваат, развиваат проекти, споделуваат и накратко, кои се дел од највозбудливата заедница за учење во Европа.
еТвининг ја промовира училишната соработка во Европа преку користење на информациско-комуникациска технологија (ИКТ) така што на училиштата им обезбедува поддршка, алатки и услуги. еТвининг исто така нуди можности за бесплатен и континуиран професионален развој на наставниците преку интернет.
Оваа платформа започна со својата работа во 2015, како главна акција на Европската комисија во рамка на програмата за е-учење.
еТвининг е кофинансиран од Еразмус+, Европската програма за образование, обука, млади и спорт од 2014 година.
еТвининг порталот е достапен на 28 јазици,
https://www.etwinning.net, и нуди новини од еТвининг земјите, можности за професионален развој, информации за признанија како и примери за успешни проекти.
Со пристапување во еТвининг, наставниците можат да пристапат до:
eTwinning Live
- Простор во кој наставниците можат да ги искусат сите можности на еТвининг заедницата. Наставниците можат да пронајдат други регистрирани еТвинери и училишта, да се поврзат со нив и да ги следат нивните активности. Наставниците можат да пристапат до сите онлајн и онсајт настани организирани од еТвининг, а исто така можат да формираат и нивен настан.
Преку eTwinning Live наставниците можат да креираат нивни проекти, каде можат да постават низа активности на различна тема и клучни компетенции така што ќе соработуваат со двајца или повеќе наставнци и нивните ученици.
Наставниците можат да најдат онлајн можности за професионален развој кој еТвининг ги нуди на Европско ниво.
Настаните за учење се кратки, интензивни и пријатни курсеви што ги запознаваат наставниците со темите, стимулираат идеи и им помагаат да ги развијат нивните вештини. Настаните за учење обично траат од 4-6 часа.
Онлајн семинарите се видео сесии во живо во траење од еден час каде наставниците имаат можност да учат и дискутираат на разни теми.
Наставниците исто така можат да се приклучат на еТвининг Групите - виртуелни места каде еТвинерите се сретнуваат и дискутираат на разни теми и други области од нивен интерес. Постојат 14 групи координирани од Централниот сервис за поддршка и модерирани од искусни еТвинери.
TwinSpace (Твинспејс)
- Местото каде еТвининг проектите се случуваат е Твинспејсот, безбеден дел на еТвининг платформата, видлив само за наставници кои учествуваат во проектот.
Учениците исто така може да бидат поканети во Твинспејсот, да се сретнат и да соработуваат со учесници од партнер училишта.
Цели на мрежата:
Целта на еТвининг мрежата е да им овозможи на наставниците низ Европа, професионално да се развиваат, заедно да развиваат и да спроведуваат училишни проекти, да разменуваат идеи и примери на добри пракси, да ги поврзуваат учениците меѓусебно и да ја збогатуваат наставата.
За кого е наменета:
еТвинигн платформата е наменета само за персонал кои работи во училишни и предучилишни установи (наставници, директори, библиотекари, педагози, психолози, итн.)
Пред да започнат со користење на оваа платформа потребно е секој наставик или воспитувач да се регистрира на еТвининг порталот, да креира свој профил и да се приклучи на еТвининг заедницата.
Бенефиции:
Соработка
Еден од најважните елементи на еТвининг е соработката меѓу наставниците, учениците, училиштата, родителите и локалните власти. Во еТвининг наставниците работат заедно и организираат активности за своите ученици. Тие имаат активна улога, комуницираат, истражуваат, донесуваат одлуки, се почитуваат едни со други и учат вештини од 21 век. Проектите во еТвининг даваат придонес на секој член на тимот.
Професионален Развој
- еТвинингот нуди можност за бесплатни настани за учење и онлајн семинари водени од експерти во различни области! Можете исто така да учите од свои колеги, преку онлајн настани, работилници за професионален развој, тематски и годишни конференции.
Признанија
Во еТвининг, работата на наставникот е важна и заслужува да биде објавена и признаена на локално, национално ниво и низ цела Европа. еТвининг ја препознава работата на наставниците, учениците и училиштата преку:
● Национални и европски ознаки за квалитет,
● еТвининг европски награди,
● еТвининг училишта и
● еТвининг портфолио.
Факти и бројки за мрежата:
еТвининг започна со својата работа во 2005 година, а од тогаш повеќе од 220.000 училишта и 900.000 наставници го направија еТвининг најатрактивна заедница на наставници во светот, со повеќе од 124.000 проекти и вклучени милиони ученици од сите возрасти.
Во моментов, вклучени во еТвининг се земјите на Европската Унија, покрај тоа учествуваат и Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Србија и Турција и седум земји од Европското соседство – Ерменија, Азербејџан, Грузија, Молдавија и Украина, како и дел од источните партнерства, Тунис и Јордан, кои се дел од Евро-медитеранското партнерство.
еТвининг е составен дел од Еразмус+ програмата на ЕУ, и нејзините главни цели се да им помогне на наставниците да направат колаборативни проекти со колеги од други земји да се вклучат во активности за професионален развој.
Северна Македонија е вклучена во еТвининг уште од 2014 година и во моментов се приклучени вкупно:
● 2366 наставници
● 494 училишта
● 3475 проекти
(тој број секојдневно се менува).
Линк од официјална веб-страница на мрежата:
https://www.etwinning.net/
„еТвининг активностите во училиштето каде сум вработена се мошне прифатени за што говорат многуте успешни проекти и учеството на онлајн работилници и семинари кои овозможуваат професионален развој на наставникот.Како еТвининг амбасадор придонесувам наставниците и учениците преку овие проекти да имаат активна улога, меѓусебно да комуницираат и соработуваат, истражуваат, развиваат креативност и имагинација, донесуваат одлуки, се почитуваат едни со други и ги учат вештините на 21 век“.
Олгица Бајалџиева- еТвининг амбасадор при ООУ „Петар Поп Арсов“, Скопје
„еТвининг е образовна платформа на сегашноста и иднината. Јас преку еТвининг платформата се поврзав со наставници и ученици од цела Европа, виртуелно влегов во училниците на многу наставници и научив многу нови наставни методи и техники. Преку е-Твининг платформата најдов нови партнери за Еразмус проектите и така ги научив вредностите и културите во Европа. За мене и моите ученици еТвининг е дел од највозбудливата заедница за учење во Европа. еТвининг ме направи подобар човек,подобар наставник и рамноправен граѓанин на Европа“.
Габриела Илиевска- ООУ„Јоаким Крчовски“, Крива Паланка
School educational gateway (SEG)
Друга платформа која изобилува со е-содржини е School educational gateway (SEG).
SEG е Европска онлајн платформа за училишно образование, во моментов достапна на 23 јазици од Европската унија, наменета да обезбеди сè што им е потребно на наставниците во однос на: информации, професионален развој, поддршка од колегите и мрежно поврзување, заеднички проекти и можности за мобилност, преглед во политиките на земјите итн.
Покрај заедницата на наставници, корисничката база на SEG ги вклучува сите страни кои учествуваат во активности во рамките на Еразмус+ програмата, како што се: образовни институции и организации, креатори на политики, национални авторитети, НВО, претпријатија, итн.
Бидејќи веб-страницата е од јавен карактер, достапна е за секој (исто така и за земји надвор од ЕУ). Со овој широк опсег се очекува да се подобрат врските помеѓу политиката и праксата во европското училишно образование, како и да се помогне во промовирање на политика заснована врз реалноста на она што се случува во училиштата и потребите на пазарот на трудот. SEG нуди широк спектар на содржини, како што се добри практики од европски проекти, месечен блог, видео интервјуа на европски експерти за училишно образование; онлајн курсеви за наставниците со цел подобро да се справат со тематските предизвици на часовите, ресурси како што се наставни материјали, упатства и европски прирачници за училиштата, информации за политиките во училишното образование; тематски вести и настани итн. Нуди специјални алатки за поддршка на наставниците и вработените во училиштата во наоѓање обуки и можности за мобилност и професионален развој (курсеви на лице место, обука на работното место, наставни курсеви итн.), кои можат да се финансираат во рамките на Еразмус+ Клучна акција 1.
Линк од официјална веб-страница:
https://www.schooleducationgateway.eu/en/pub/index.htm
За дополнителни информации:
Следете не на социјалните медиуми:
Facebook: Etwinning North Macedonia
https://www.facebook.com/etwinningmk/