fb_img
Големина на фонт
Контраст

Новости

Средношколци учеа како се пишува краток расказ со писателот Александар Прокопиев и професор Татјана Алексиќ

22.5.2025 18:39:33
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Студентски Културен Центар организираше креативна работилница насловена „Од зборот почнува сè“, по повод 24 Мај – Денот на македонските браќа и просветители, Светите Кирил и Методиј.

Фокусот на работилницата беше пишувањето на краткиот расказ. Ученици од средни училишта од Скопје, придружени од своите ментори – професори по македонски јазик, имаа ретка можност да учат од великанот на краткиот расказ, писателот Александар Прокопиев, и професорката Татјана Алексиќ од реномираното СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“.

Во атмосфера исполнета со инспирација, идеи и љубов кон зборот, младите идни автори преку практична работа, совети и директни разговори со едукаторите на настанот ги истражуваа тајните на добриот расказ. 

Најдобрите раскази ќе бидат симболично наградени. 

Работилницата е дел од кампањата “Направи Чекор” на Националната агенција која вклучува и креативноста и писменоста кај младите, како темели на европските вредности и културна поврзаност.






Поврзете се

    czxczcx