Активност „ Борба против климатски промени и заштита на животна средина со фокус на еден од клучните приоритети на програмата Еразмус+, а тоа е приоритетот зелена агенда и оддржливост”
Тема: Биодиверзитет и заштита на природата во Охридско-Преспанскиот регион
12– 15јуни 2025|Охрид, Северна Македонија
Младинскиот тренинг камп за биодиверзитет има за цел да ги инспирира младите над 16 години да станат заштитници на природата во еден од најзначајните еколошки региони на Балканот – Охридско-Преспанскиот регион.
Преку четиридневна програма што вклучува неформални едукативни сесии, теренски активности и групна работа, учесниците ќе стекнат знаења за биолошката разновидност, екосистемите, и предизвиците со кои се соочуваат овие езера.
Програмата вклучува интерактивни работилници, посети на природни локалитети, идентификација на флора и фауна, како и активности за подигање јавна свест.
Кампот е дизајниран да создаде заедница на свесни млади луѓе, кои ќе станат амбасадори за заштита на природата во своите заедници и пошироко.
До крајот на тренинг кампот целиме да се создаде група на совесни и мотивирани млади лидери, опремени со знаење и страст да поттикнат еколошки промени во нивните заедници. Преку нивните напори, ние имаме за цел да ја поттикнеме културата на одржливост и одговорност за животната средина, придонесувајќи за поширока борба против климатските промени и промовирање на позелена агенда.
Цели на тренингот:
Подигање на свеста и капацитетите кај младите за заштита на биодиверзитетот и еколошката важност на Охридско - Преспанскиот регион
Специфична цел: Поттикнување на младинска ангажираност во зачувување на ретките и уникатни екосистеми на регионот преку едукација, теренска работа и практичен активизам
Оваа обука е отворена за:
Кампот е наменет за 42 млади на возраст од 16 години и нагоре, од целата држава, со интерес за екологија, биологија и активизам. При изборот ќе се внимава на регионална и родова застапеност.
Преку инклузивен пристап, имаме за цел да поттикнеме разновидна група млади од цела држава без разлика на нивната етничка, економска или која било друга припадност. Активности ќе бидат подеднакво достапни и за мажи и за жени, а при изборот на учесниците внимателно ќе се земе предвид родовата распределба.
Очекувани резултати:
● Зголемено знаење кај 42 млади за биолошката разновидност и еколошката поврзаност на Охридско и Преспанско Езеро
● Развивање на капацитети за идентификација на загрозени видови и закани за природните живеалишта
● Поттикнато чувство за еколошка одговорност преку учество во активности за мониторинг и едукација
● Организирана теренска посета на клучни локации во двата региони за практична едукација
● Оспособени и мотивирани млади кои ќе иницираат локални акции за заштита на биодиверзитетот
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Настанот ќе се реализира во периодот од 12 – 15 јуни 2025 |Охрид
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Сместувањето и храната се покриваат од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Патните трошоци ќе биде рефундирани во висина на автобуска карта од местото на поаѓање до Охрид и назад.
Крајниот рок за поднесување на апликации е 29.05.2024 година (15.00ч).
Форма за аплицирање на следниов линк:
https://forms.cloud.microsoft/r/PCC0hL5fpX
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на учесниците на настанот и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.