fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за учество на активност за обука и соработка “Контакт семинар за долгорочна мобилност за учење на ученици” во училишното образование во клучната акција 1

09.6.2025 11:03:17

06.10.2025 – 09.10.2025

Рејкјавик, Исланд

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Исланд, објавува јавен повик за учество на 2 учесника на активноста за обука и соработка Контакт семинар за долгорочна мобилност за учење на ученици  која ќе се реализира во Рејкјавик, Исланд.

По завршување на настанот ќе се следат и мерат резултатите од преземените активности во училиштата кои ќе имаат учесници на истиот.

 

Тема и цели на настанот:

Оваа активност за обука и соработка е поврзана со долгорочната активност за обука (LTA) „Долгорочна мобилност на ученици“ координирана од Националната агенција на Шпанија.

Настанот е коорганизиран од Шпанија, Франција, Германија и Малта

Целта на оваа активност за обука и соработка е да одговори на пречките и потребите изразени од училиштата при организирање на долгорочна мобилност на ученици и да продолжи да го поттикнува интересот за долгорочна мобилност на учениците кај новите корисници.

Целта е да се обезбеди работни стратегии за управување со долгорочната мобилност на учениците и да се создаде мрежна средина што го олеснува наоѓањето партнери за следниот повик за програмата Еразмус+. Посебен интерес ќе се посвети на вклучувањето во долгорочната мобилност на учениците. Активноста за обука и соработка ќе се стреми да ги претстави добрите практики со присуство на училишта со искуство во долгорочна мобилност.

Оваа активност е отворена за учесници од областа на училишно образование.

 

Очекувани резултати:

-Зголемен интерес покажан од учесниците за планирање и аплицирање за долгорочна мобилност на ученици

-Воспоставена е нова мрежа на контакти со цел аплицирање и планирање долгорочна мобилност на ученици

-Споделени искуства за оптимално управување со долгорочната мобилност на ученици

 

Целна група на учесници:

Наставници, персонал и директори во училишта кои работат со долгорочна мобилност на ученици или се заинтересирани за спроведување долгорочни мобилности.

Искусни и новодојдени корисници во долгорочни мобилности.

.

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Семинарот ќе се реализира во периодот од 06.10.2025 - 09.10.2025

 (06.10.2025 е ден на пристигнување, 09.10.2025 е ден на заминување)

 

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

  • Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување и сл.)

 

Крајниот рок за поднесување на апликации е 13.06.2025 година.

Аплицирање: https://salto-et.net/events/show/IS01_0734_TSS_2025

 

Забелешка: Известени и контактирани од страна на домаќинот – организатор на активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 3 учесника на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx