Врз основа наРешение 20-493/2 Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на 15 наставници по англиски јазик и 15 наставници по информатика, кои ќе бидат ангажирани на летни eTвининг работилници на различни локации во Р.С. Македонија во периодот јули–август 2025 година
Според усвоениот План за активности на акцијата еTвининг за периодот 2024–2026 година, Националната агенција објавува јавен повик за избор на 15 наставници по англиски јазик и 15 наставници по информатика, вработени во основни и средни училишта во Р.С. Македонија. Избраните наставници ќе бидат ангажирани во спроведување на летни eTвининг работилници чија цел е изработка и презентација на eTвининг-проект на тема „Јазикот и технологијата во служба на квалитетен eTвининг проект“.
Работилниците ќе се организираат во периодот јули–август 2025 година на различни локации низ целата територија на земјата и ќе бидат наменети за ученици со органичени социјални и економски можности како и ученици од семејство со еден родител.Целта е преку иновативни методи да се поттикне активно учество и креативност кај учениците, со интеграција на современи технологии и стекнување на јазични вештини кои се потребни во подготовката на квалитетни eTвининг проекти.
Со ангажираните наставници Националната агенција ќе склучи Договори во кој ќе се регулира финансискиот надоместок, времетраењето како и следните обврски:
• Да организираат и одржат летни работилници по англиски јазик и информатика, вкупно 30 часа, распоредени во два месеци согласно распоредот и договор со групата.
• Во периодот јули–август, секој наставник треба да избере и формира група од 20 ученици со органичени социјални и економски можности како и ученици од семејство со еден родител, од своето училиште или општина, доколку не е можно да се формира група од 20 ученици, групата може да биде и помала со дозволен минимум од 15 ученици.
• Работилниците да ги реализираат во простории на училиштето или во друг бесплатен простор што наставниците самите ќе ја обезбедат со соодветна опрема за учениците (компјутер за ИКТ и наставни материјали за курсевите по англиски јазик).
• Да ги прилагодат работилниците според нивото на знаење на избраната група ученици.
Времетраењето на одржување на летните eTвининг работилници е најдоцна до 31 август. Целта на летните eTвининг работилници е изработка и презентација на eTвининг-проект на тема „Јазикот и технологијата во служба на квалитетен eTвининг проект“.
1.Критериуми за пријавување:
Лицата кои се пријавуваат на овој јавен повик треба:
• Да се вработени наставници во основно или средно училиште.
• Да се наставници/професори по англиски јазик (за апликации за ангажман како наставник по англиски јазик).
• Да се наставници/професори по информатика (за апликации за ангажман како наставник по информатика).
• Да располагаат со ресурси за изведување на наставата (просторија и опрема).
• Да можат да формираат група од 20 ученици со органичени социјални и економски можности како и ученици од семејство со еден родител, од своето училиште или општина; доколку не е можно да се формира група од 20 ученици, групата може да биде и помала со дозволен минимум од 15 ученици.
• Пожелно е да имаат претходно искуство со eTвининг платформата.
2.Начин на избор:
Пријавените наставници ќе бидат оценувани од страна на Комисија за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации за избор на 15 наставници по англиски јазик и 15 наставници по информатика кои ќе бидат ангажирани на летни eTвининг работилници на различни локации во Р.С. Македонија на следниот начин:
- вработени наставници од основно или средно училиште - минимум 1 максимум 10 бода
- вработени наставници во училишта од рурални средини согласно Списокот на рурални средини и рурални заедници на Р.С. Македонија (Службен весник на РСМ бр. 89 од 01.07.2011 година) - минимум 1 максимум 15 бода
- Наставниците кои имаат работно искуство во струката за која аплицираат на овој повик од минимум 2 години –минимум 1 максимум 15 бода
- вработени во училишта кои досега не се корисници на програмата Еразмус+
- минимум 1 максимум 10 бода
Комисијата ќе додели 0 бода на кандидатите кои не исполнуваат ниту еден критериум за пријавување.
Само избраните кандидати ќе бидат контактирани од страна на Комисијата.
3. Финансиски надоместок:
• Наставниците по англиски јазик и информатика ќе добијат финансиски надомест за периодот на нивниот ангажман.
• Националната агенција ќе ги покрие дневниците на наставниците по износ од 800 денари за училишен час (45 минути). За 30 училишни часа надоместокот изнесува 24 000 денари, плус 7 000 денари за наставен материјал – вкупно 31 000 денари.
*Наставниците по склучувањето на договорот за ангажман со Националната агенција се должни во рок од 10 работни дена да достават известување за обезбедена просторија и опрема за изведување на наставата како и за формирана група.
4. Начин на аплицирање
Краен рок за аплицирање на повикот е 20.06.2025 година, 16.00 часот Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ја пополнат пријавата на следниот линк:
https://forms.gle/d8CgbDa7Kqj5hv237
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката избор на 15 наставници по англиски јазик и 15 наставници по информатика, кои ќе бидат ангажирани на летни eTвининг работилници на различни локации во Р.С. Македонија во периодот јули–август 2025 годинаи при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.