fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за ЕПАЛЕ истражувач/и

13.6.2025 11:11:24

Врз основа на Решение бр 25-492/2 од 12.06.2025 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност („Национална агенција“), ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка (ЕПАЛЕ НСП) на Република Северна Македонија објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК за ЕПАЛЕ истражувач

За ЕПАЛЕ

ЕПАЛЕ НСП на Република Северна Македонија, електронска платформа за учење на возрасните во Европа, управувана од страна на Националната агенција ја идентификува релевантната содржина од областа на образование за возрасни на национално ниво, воспоставува и одржува контакти со социјалните партнери во земјата, како и другите НСП. 

Со цел да придонесе кон креирање на политики базирани на докази, ЕПАЛЕ НСП ќе спроведе истражување на застапеноста на интернационалната компоненета во образованието за возрасни во Република Северна Македонија. Наша цел во овој процес е да го утврдиме степенот на застапеност на интернационалната димензија во документите кои ги регулираат политиките во образованието за возрасни, поврзаноста со регионалните/европските политики, да ги идентификуваме образовните можности за возрасни ученици со интернационална димензија и да обезбедиме појаснување на главните термини во овој процес.

Базирано на мапирањето на образованието за возрасни, потребното истражување/анализа треба да овозможи приказ на состојбата со застапеноста на интернационалната компонента во образованието за возрасни и да обезбеди елементи за тоа како истото е структурирано и кои се предизвиците во политиките во потенцирањето на интернационалната димензија.

Истражувањето/Анализата ќе ги покрие следниве аспекти:

  • Анализа на рамката на поврзаните политики (правни документи и стратегии) кои ги регулираат пристапот до образованието за возрасни, флексибилноста, осигурувањето квалитет, инклузивноста, како и препознавањето и валидацијата на неформалното и информалното учење во однос на застапеноста на интернационалната димензија,
  • Главната институционална инфраструктура: главните социјални партнери, нивните задолженија и овластувања, како и механизмите кои ја регулираат нивната поврзаност и соработка,
  • Листа на формални, неформални и информални можности за учење на возрасните кои содржат меѓународен елемент и се во согласност со правилата на ЕПАЛЕ. Истите потоа ќе бидат регистрирани во ЕПАЛЕ регистерот на образовни можности.     

Како резултат на фазата на истражување, треба да се добијат 2 (два) извештаи како посебни документи: Извештај од анализа на политиките (кој содржи и поимник на поважни термини) и Извештај со листа на модули.

 

За таа цел, ќе бидат спроведени 2 истражувања:

  1. Истражување за мапирање на состојбата со застапеноста на интернационалната димензија во политиките кои го регулираат образованието за возрасни, дополнето со преглед и објаснување на главните термини, и
  2. Истражување за мапирање на модулите за учење со меѓународна димензија кои се достапни во Република Северна Македонија и провајдерите во образованието за возрасни кои ги спроведуваат.

На повикот можат да се пријават правни и физички лица кои се занимаваат со образование на возрасни и/или истражување од Република Северна Македонија. Кандидатите можат да се пријават за спроведување на едно или за спроведување на двете истражувања, притоа задолжително во пријавата да се наведе за кое истражување се пријавувате.

Покрај тоа, кандидатот/ите треба да:

  •              Има познавања од главните текови во политиките на образование за возрасни во земјата,
  •              Запознаен/а е со ЕПАЛЕ и можностите кои таа ги нуди,
  •              Зборува течно англиски и може да користи терминологија поврзана со образованието на возрасни.

 

Истражувачот/ите ќе бидат ангажирани во периодот јуни-декември 2025 година. За ангажманот ќе се склучи договор со кој ќе се регулираат правата и обврските на двете страни како и надоместокот за спроведеното истражување/анализа.

 

Потребна документација:

  • Кратко мотивациско писмо кое го сумира вашето искуство во истражувачки активности, образование за возрасни и познавање на англиски јазик,
  • Кратка биографија, пожелно во Европас формат (искуството да е поврзано со темата на огласот),
  • Предлог методологија за спроведување на истражувањето и временска рамка за спроведувањето. 

 

Начин на аплицирање:

Потребната документација треба да се достави на следната е-пошта epale@na.org.mk со наслов на е-поштата: Апликација за истражувач/и, со краен рок на аплицирање до 30.06.2025 година, до 16.00 часот.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување.  

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на ЕПАЛЕ истражувач/и и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx