fb_img
Големина на фонт
Контраст

Новости

ЈАВЕН КОНКУРС за ангажирање на 1 (еден) надворешен соработник за логистичка поддршка во Секторот за правни работи во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

09.7.2025 15:12:15

Врз основа на Решение бр. 04-545/3 од 09.07.2025 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (во натамошниот текст: Национална агенција) објавува

ЈАВЕН КОНКУРС

за ангажирање на 1 (еден) надворешен соработник за логистичка поддршка во Секторот за правни работи во Националната агенција за европски

образовни програми и мобилност

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува јавен конкурс за ангажирање на 1 (еден) надворешен соработник за логистичка поддршка во Секторот за правни работи во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност кој ќе реализира логистички и административни работни задачи, за тековна ефикасност како на Секторот за правни работи, така и на целокупната работа во Националната агенција.

Кандидатите кои ќе аплицираат на јавниот конкурс потребно е да ги исполнуваат следните услови:

- да е државјанин на Република Северна Македонија;

- да има општа здравствена способност за работното место;

- завршено средно образование;

- најмалку 5 (пет) години работно искуство.

Кандидатите кои ќе аплицираат на јавниот конкурс потребно е да ја достават следната документација:

- Кратка биографија (Curriculum Vitae) – европски образец;

- Писмо за мотивација;

- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

- Лекарска потврда за општа здравствена состојба;

- Уверение/диплома за завршен степен на образование;

- Доказ на работно искуство.

Временска рамка за извршување на работни активности:

- Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за ангажирање на надворешен соработник со времетраење од 1 (една) година.

Јавниот конкурс трае 3 (три) работни дена од денот на неговото објавување.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување. По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Националната агенција.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Националната агенција или по пошта на следнава адреса:

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 17, поштенски фах 796, 1000 Скопје

(со назнака – „Јавен конкурс бр. 04/2025” )

Контакт: 02-3109-045

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за ангажирање на 1 (еден) надворешен соработник за логистичка поддршка во Секторот за правни работи во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: [email protected] и [email protected].







Поврзете се

    czxczcx