Врз основа на Решение 21-694/2 од 27.08.2025 , Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува
Јавен повик за учесници на НЕТ - Активност за тренери во Солидарни проекти
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција на Малта објавува повик за максимум 4 учесници од Република Северна Македонија кои ќе учествуваат на НЕТ Активност за тренери во Солидарни проектои во рамките на Европски солидарен корпус, од 24 до 28 ноември 2025 во Малта.
Aплицирајте сега! Краен рок за аплицирање - 17 септември 2025 година;
Датум на избор: 9 октомври 2025 година
Семинар
24-28 ноември 2025 година - Малта
Ова е настан на тема обука на млади луѓе кои спроведуваат Солидарни проекти. Целта е да се подобри квалитетот и поддршката на тренерите, особено за Солидарни проекти во рамките на Програмата на Европскиот Солидаен Корпус.
Тренер е ресурсно лице кое ги придружува групите млади луѓе вклучени во Солидарни проекти, поддржувајќи го нивното активно учество. Тој помага во олеснувањето и подобрувањето на квалитетот на процесот на учење и помага во идентификувањето и документирањето на резултатите од учењето на крајот од проектот, во согласност со Програмскиот водич.
Која е целта?
Семинарот има за цел да создаде простор за истражување на различни пристапи за тоа како тренерите ги поддржуваат младите луѓе во спроведувањето на Солидарни проекти во рамките на Европскиот Солидарен Корпус.
Кои се целите?
Методологија
Кому е наменет овој настан?
Од учесниците се очекува да:
Преглед на активноста:
http://trainings.salto-youth.net/13838
Овој Семинар е
Профил на учесници:
Информации за пристапност:
Употреба на работен јазик(и):
Oрганизатор:
Коорганизатор(и):
Контакт лице за за прашања за апликанти од Република Северна Македонија:
Снежана Симоновска
Е-пошта: [email protected]
Телефон: 075 402 806
Трошоци
Овој проект е финансиран со учество во Националните агенции (НА) на Програмата на Европскиот Солидарен Корпус.
Сместување и храна
Трошоци за учество/патни трошоци
Сите апликанти од Република Северна Македонија кои ќе бидат селектирани ќе бидат известени по емаил.
По извршената селекција Националната агенција ќе ги контактира учесниците за целокупната постапка за организирање на резервацијата на патни билети и надоместокот на патни трошоци за овој настан.
Националната агенција ќе ги покрие трошоците за патување. А учесникот (индивидуално) треба сам да го покрие транспортот до аеродромот и назад, како и да си обезбеди патничко осигурување за договорениот период.
Како да аплицирате:
Секое заинтересирано лице кои ги исполнува критериумите за профил на учесник задолжително треба да аплицира преку објавениот линк подолу со пополнување на бараните имформации во апликацијата.
Напомена
По завршување на крајниот роко за аплицирање (17 септември 2025 г.) ќе бидат земени предвид само апликациите кои се поднесени преку обајвениот линк подолу односно преку платформата на САЛТО .
ЛИНК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ :
http://trainings.salto-youth.net/13838
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката максимум 4 учесници од Република Северна Македонија кои ќе учествуваат на НЕТ Активност за тренери во Солидарни проектои во рамките на Европски солидарен корпус, од 24 до 28 ноември 2025 во Малта и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: [email protected] и [email protected].