fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за избор на 3 (три) наставници од предучилишна возраст, за учество на семинар „Основни вештини во предучилишна возраст преку eTвининг проекти“ (Basic skills in preschool with eTwinning projects)

01.9.2025 13:31:40

 

 

Врз основа на Решение бр.20-695/2 од27.08.2025 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на 3 (три) наставници од предучилишна возраст, за учество на семинар

 „Основни вештини во предучилишна возраст преку eTвининг проекти“

 (Basic skills in preschool with  eTwinning projects)

 

 

Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, потребно е да се објави повик за избор на 3 (три) наставници од предучилишна возраст, за учество на семинар „Основни вештини во предучилишна возраст преку eTвининг проекти“ (Basic skills in preschool with  eTwinning projects), кој ќе се одржи од 01-03 октомври 2025 во Рига, Латвија.

 

Семинарот е наменет за почетници во еТвининг.

Е-твинери се регистрирани наставници во еТвининг платформата чија што задача е да учествуваат во едукативни проекти, да споделуваат знаење и идеи, како и да ги вклучат своите ученици во различни проектни активности.

 

Критериуми за аплицирање

 

-          Лицето да е вработено во предучилишна установа

-          Лицето да има регистриран профил на еТвининг платформата

-          Лицето да има познавање на англиски јазик

 При изборот на учесниците ќе се земаат предвид следниве аспекти:

-          историјата на учество на претходни еТвининг семинари и

-          застапеност по региони во Република Северна Македонија

*Само избраните кандидати ќе бидат контактирани од страна на Комисијата.

Начин на аплицирање

Краен рок за аплицирање на повикот е04.09.2025 година.

Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите е потребно да испратат мотивационо писмо и кратка биографија (CV) на следниот меил: [email protected]

 

Трошоци за учество

Националната агенција ќе ги покрие трошоците за патување и котизацијата за настанот. Учесникот (индивидуално) треба сам да го покрие транспортот до аеродромот и назад, како и да си обезбеди патничко осигурување за договорениот период.

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во постапката за избор на 3 (три) наставници од предучилишна возраст, за учество на семинар „Основни вештини во предучилишна возраст преку eTвининг проекти“ (Basic skills in preschool with  eTwinning projects) и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. 

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: [email protected] и [email protected].







Поврзете се

    czxczcx