Овој повик за предлог-проекти се базира на Регулативата (ЕУ) 2021/817 на Европскиот парламент и на Советот од 20 мај 2021 година за воспоставување на „Еразмус+“: Програмата на Унијата за образование, обука, млади и спорт (1) (во понатамошниот текст „Регулатива за Еразмус+“), како и на Годишната работна програма на Еразмус+ за 2026 година (C(2025) 7358). Програмата Еразмус+ го опфаќа периодот од 2021 до 2027 година. Општите и специфичните цели на програмата Еразмус+ се наведени во член 3 од Регулативата за Еразмус+.
Овој повик за предлог-проекти ги опфаќа следните акции од Програмата Еразмус+:
Kлучна Aкција 1 (KA1) – Мобилност за учење на поединци:
— Mобилност на поединци во областа на образованието, обуката и младите
— Активности за младинско учество
— DiscoverEU – Aкција за инклузија
— Moбилност на кадар од областа на спортот
— Eразмус+ Виртуелни размени
Kлучна Aкција 2 (KA2) – Соработка меѓу организации и институции:
— Партнерства за соработка:
— Колаборативни партнерства
— Партнерства од мал обем
— Eвропски партнерства за развој на училиштата
— Партнерства за извонредност:
— Центри за стручна извонредност
— Aкција Еразмус Мундус
— Партнерства за иновации:
— Сојузи за иновации
— Градење капацитети во областа на високото образование, стручното образование и обука, младите и спортот
— Непрофитни европски спортски настани
Kлучна Aкција 3 (KA3) – Поддршка за развој на политиките и соработката:
— Eвропските млади заедно
Жан Моне Акции:
— Жан Моне акции во областа на високото образование
— Жан Моне акции во други области на образованието и обуката
— Дебата за политиката на Жан Моне
(1) OJ L 189, 28.5.2021, p. 1.
Секое јавно или приватно тело активно во областите на образованието, обуката, младите и спортот може да аплицира за финансирање во рамките на Програмата Еразмус+. Дополнително, групи млади луѓе кои се активни во младинската работа, но не мора да бидат во контекст на младинска организација, можат да аплицираат за финансирање мобилности за учењето на млади луѓе и младински работници, активности за младинско учество и DiscoverEU акцијата за инклузија.
Следните земји можат целосно да учествуваат во сите активности на Програмата Еразмус+ (2):
— 27-те земји-членки на Европската Унија и прекуокеанските земји и територии.
— трети земји поврзани со Програмата:
— земјите од ЕФТА/ЕЕА: Исланд, Лихтенштајн и Норвешка,
— Земјите кандидати за членство во ЕУ: Република Турција, Република Северна Македонија и Република Србија (3).
Покрај тоа, одредени акции од Програмата Еразмус+ се отворени за организации од трети земји кои не се поврзани со Програмата.
Ве молиме погледнете го Водичот за програмата Еразмус+ за 2026 година за повеќе детали за модалитетите на учество.
Вкупниот буџет наменет за овој повик за предлог-проекти се проценува на 4.473.447 милиони евра:
| Образование и обука (вклучувајќи ги и Жан Моне акциите): | 3 977,562 милиони € |
| Млади: | 421,8315 милиони € |
| Спорт: | 74,053 милиони € |
Вкупниот буџет наменет за повикот за предлог-проекти, како и неговата распределба, е наведен во Годишната работна програма на Еразмус+ за 2026 година, усвоена на 5 ноември 2025 година и може да се измени во зависност од измените на Годишната работна програма на Еразмус+. Потенцијалните апликанти се поканети редовно да ја консултираат Годишната работна програма на Еразмус+ и нејзините измени, објавени на:
https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/resources/documents/annual-work-programmes_en
Доделените грантови, како и времетраењето на проектите, варираат во зависност од фактори како што се видот на проектот, видот на подобните апликанти и бројот на вклучени партнери.
Корисниците можат да ги пријават трошоците за работата што ја извршуваат волонтерите во рамките на акцијата врз основа на единечни трошоци одобрени и дефинирани во Одлуката на Комисијата (2019) 2646. Ве молиме погледнете го Водичот за програмата Еразмус+ за детални упатства за подобност на трошоците за волонтери.
Сите рокови за поднесување на апликациите наведени подолу се утврдени по бриселско време.
| KлучнаAкција1 | |
|---|---|
| Мобилност на поединци во областа на високото образование | 19 февруари 2026 во 12:00 часот |
| Мобилност на поединци во областите на стручно образование и обука (VET), училишно образование и образование на возрасни | 19 февруари 2026 во 12:00 часот |
| Мобилност на кадар во областа на спортот | 12 февруари 2026 во 12:00 часот |
(2) Жан Моне Акцииите се отворени за организации од целиот свет.
(3) Предмет на потпишување на билатералните договори за асоцијација.
![]()
Kлучна Aкција1
| Меѓународна мобилност што вклучува трети земји кои не се поврзани со програмата | 19 февруари 2026 во 12:00 часот |
| Еразмус акредитации во стручното образование и обука (VET), училишно образование и образование на возрасни | 29 септември 2026 во 12:00 часот |
| Еразмус акредитации во областа на младите | 29 септември 2026 во 12:00 часот |
| Мобилност на поединци во областа на младите | 12 февруари 2026 во 12:00 часот |
| Мобилност на поединци во областа на младите | 1 октомври 2026 во 12:00 часот |
| DiscoverEU – Aкција за инклузија | 12 февруари 2026 во 12:00 часот |
| Eразмус+ Виртуелни размени | 26 март 2026 во 17:00 часот |
| KлучнаAкција2 | |
|---|---|
| Партнерства за соработка во областите на образованието, обуката и младите, освен оние поднесени од европски невладини организации | 5 март 2026 во 12:00 часот |
| Партнерства за соработка во областите на образованието, обуката и младите поднесени од европски невладини организации | 5 март 2026 во 17:00 часот |
| Партнерства за соработка во областа на спортот | 5 март 2026 во 17:00 часот |
| Партнерства од мал обем во областите на училишно образование, стручно образование и обука, образованието на возрасни и млади | 5 март 2026 во 12:00 часот |
| Партнерства од мал обем во областа на спортот | 5 март 2026 во 17:00 часот |
| Европски партнерства за развој на училиштата | 9 април 2026 во 12:00 часот |
| Центри за стручна извонредност | 3 септември 2026 во 17:00 часот |
| Aкција Еразмус Мундус | 12 февруари 2026 во 17:00 часот |
| Сојузи за иновации | 10 март 2026 во 17:00 часот |
| Градење капацитети во областа на високото образование | 10 февруари 2026 во 17:00 часот |
| Градење капацитети во областа на стручното образование и обука | 26 март 2026 во 17:00 часот |
| Градење капацитети во областа на младите | 26 февруари 2026 во 17:00 часот |
| Градење капацитети во областа на спортот | 5 март 2026 во 17:00 часот |
| Европски локални спортски настани | 5 март 2026 во 17:00 часот |
| Европски настани од големи размери | 22 јануари 2026 во 17:00 часот |
| KлучнаAкција3 | |
| Eвропските млади заедно | 26 февруари 2026 во 17:00 часот |
| Жан Моне Aкции и Мрежи | 3 февруари 2026 во 17:00 часот |
Ве молиме погледнете го Водичот за програмата Еразмус+ за детални упатства за поднесување на апликациите.
Деталните услови на овој повик за предлог-проекти, вклучувајќи ги и приоритетите, може да се најдат во Водичот за програмата Еразмус+ 2026 на следната интернет адреса:
http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/resources/programme-guide
Водичот за програмата Еразмус+ претставува составен дел од овој повик за предлог-проекти, а условите за учество и финансирање наведени во него важат целосно за овој повик.