fb_img
Големина на фонт
Контраст

д-р Петар Богојески

Директор
Искуство:
25 години
Емаил:
petar.bogojeski@na.org.mk
Телефон:
+389 2 3109 045

Биографија

Петар Богојески е именуван за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на 14-ти април 2025 година. Докторирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во областа на економските науки. Својата професионална кариера ја гради како професор на Катедрата за општествени и хуманистички науки при Воената академија, како и на Универзитетот за мир на Обединетите Нации. Долгогодишното искуство во меѓународната соработка го темели врз активна и непосредна комуникација со институциите на Европската унија и НАТО, со кои одржува редовни работни средби и партнерства. Како истакнат проевропски и антикомунистички граѓански активист, од 90-тите години на минатиот век до денес е активен во Паневропската унија на Македонија, Младинскиот евроатлантски форум на Македонија и е основач и прв претседател на Унијата на европски федералисти на Македонија. Богојески е посветен на вредностите на европеизација, транспарентност и демократски развој.

Контактирајте со директорот




    Внесете го кодот од сликата:



    Поврзете се

      czxczcx