fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за избор на 5 (пет) етвининг амбасадори за еТвининг семинар

10.10.2022 10:24:20

 

 

Врз основа на Решение  бp.20-1181/2 од 07.10.2022, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

    за избор на 5 (пет) етвиниг амбасадори за еТвининг семинар

 

Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поднесува барање за објава на повик за избор на 5 (пет) еТвининг амбасадори, кои ќе заминат на семинар, под наслов : „Тимот гради соништа“ кој ќе се одвива од 09-11 ноември 2022 во Сараево, БиХ..

 

 

 

Кој може да аплицира?

 

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните критериуми:

-          Лицето да е регистрираново еТвининг порталот

-          Лицето да е или да било еТвининг амбасадор

-          Лицето да е вработено во основно, средно училиште или градинка;

-          Лицето да има познавање на англиски јазики ИКТ алатки;

При пријавувањето ќе се земе во предвид амбасадорите да застапуваат различни образовни институции и различни општини низ земјава

 

 

Начин и рок за аплицирање?

 

Предлагам датум на објава на повикот да биде 10.10.2022г и ќе трае до 14.10.2022 година, 16.00 часот.  Кандидатите е потребно да достават нана електронската пошта mila.protuger@na.org.mk:

  • еТвининг портфолио
  • Свои податоци: име и презиме, телефонски број, е-маил, име на училиште, адреса на живеење

 

 







Поврзете се

    czxczcx