Јавен повик за учество на активност за обука и соработка
„Еразмус+ генерација за планетата Земја“ – исклучиво за студенти
15.04.2026 – 18.04.2026
Рим, Италија
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Италија, објавува јавен повик за учество на 4 учесника (студенти) на активноста за обука и соработка „Еразмус+ генерација за планетата Земја” која ќе се реализира во Рим, Италија.
Тема и цели на настанот:
Италјанската Национална агенција за Еразмус+ во рамки на долгорочната активност (LTA) „Одржливост и позеленување“, организира активност за обука и соработка „Еразмус+ за планетата Земја“.
Главната цел на овој настан е да се зајакне визијата на европската Еразмус+ генерација кон климатскит и еколошките кризи кои ја засегаат планетата Земја. Настанот ќе поддржи создавање на Манифест кој ќе ги обедини посакуваното и изводливото, соништата и реалноста на начин што ќе ги изрази компетенциите, креативноста и чуствителноста на меѓународните студенти кон кризата, во согласност со посакуваните решенија.
Настанот ќе собере претставници на студенти од високото образование од земјите учеснички во програмата Еразмус+. Овој настан се организира и во партнерство со итајланскиот комитет на Меѓународен ден на планетата Земја.
Во оваа рамка, учесниците ќе добијат структурирани перспективи за климатската и еколошката криза од меѓународно признати говорници кои ќе обезбедат соодветни насоки со цел студентите да соработуваат кон изнаоѓање на заеднички решенија за анализираните проблеми
Ќе биде понудена и т.н. Climate Fresk (Климатска фреска) – колаборативна работилница базирана на извештаите на IPCC. Климатската фреска е моќна алатка за квалитетна климатска едукација. Таа ја објаснува основната наука зад климатските промени, со цел да ги оспособи луѓето да преземат акција и да градат решенија. Учесниците ќе бидат поделени во работни групи и ќе работат на изнаоѓање на решенија.
Работата на групите ќе биде обединета во финален Манифест. Финалниот документ ќе понуди сеопфатно резиме на спроведените активности, користените методологии, размислувањата што произлегле и предлозите од студентите обезбедувајќи целосен преглед на процесот на учење и придонесите на работните групи.
Манифестот ќе биде претставен во европскиот павиљон за време на COP 31, од делегација на меѓународни Еразмус= студенти кои придонеле во негово создавање.
Настанот претставува единствена можност за вмрежување, споделување на иновативни иде, применување на резултатите од учењето и создавање на преносливи резултати.
Очекувани резултати:
Подигнување на свеста: Споделување на ажурирани информации за климатската и еколошка криза и можностите што ги нуди Еразмус= за справување со неа преку кооперативен и меѓународен пристап, со фокус и на алатки како што е зеленото патување
Идентификување синергии: Зајакнување на мултидисциплинарните пристапи кон проблемите, со истакнување на придонесот, како и создавање на трајни врски меѓу студенти од различни земји со цел долгорочно влијание.
Развивање предлози: Европа има улога – поддршка за создавање Манифест кој ќе ги сумира посакуваното и изводливото, соништата и реалноста, каде колективната интелигенција и чуствителноста на меѓународните студенти кон кризата ќе дојдат до израз.
Поттикнување дијалог: Промовирање на отворена и конструктивна размена на идеи, искуства и очекувања меѓу идната Еразмус+ генерација за планетата Земја.
Дополнителни информации: Официјалната програма на настанот ќе започне на 16-ти април во 09:00 часот и ќе заврши на 17-ти април во 17:00 часот со очекувано присуство на 150-170 учесници-студенти.
Важни напомени: Денот на планетата Земја е на 22-ри април и е најголемиот еколошки настан на планетата – момент кога граѓаните од целиот свет се обединуваат за да ја слават планетата и да ја промовитраат нејзината заштита. Рим, од 2007 година, е домаќин на овој настан во Вила Боргезе.
Покрај просторот наменет за овој настан, паркот ќе биде домаќин на бројни информативни пунктови за одржливост како и простор наменет за можностите и приоритетите на Еразмус+. Преку овој настан се цели кон дополнително зајакнување и проширување на влијанието на програмата Еразмус+ во зајакнување и унапредување на зелената одржливост.
Целна група на учесници:
Студенти – искусни, но и нови во програмата Еразмус+. Задолжително е познавање на најмалку Б1 ниво на англиски јазик (конференцијата ќе се одржи на англиски јазик и интеракцијата е клучна). Претаставници на студенти кои искусиле можности од Еразмус+, а приоритет ќе им се даде на студенти кои учествувале во Еразмус+ зелено патување.
Приоритет ќе им се даде на оние студенти чии резултати од учењето во нивните академски патеки се поврзани со климатската криза и оние кои активно учествувале во организации поврзани со борбата против климатската и еколошката криза.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Активноста за обука и соработка ќе се реализира во периодот од 15.04.2026 - 18.04.2026
(15.04.2026 е ден на пристигнување, 18.04.2026 е ден на заминување)
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет и сместувањето (во вид на: билет за превоз до аеродром и назад, локален транспорт, патничко осигурување и сл.)
Крајниот рок за поднесување на апликации е 15.02.2026 година.
Аплицирање: https://salto-et.net/events/show/IT02_0842_THO_2026
Забелешка: Известени и контактирани од страна на домаќинот – организатор на активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 4 учесника на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: [email protected] и [email protected].