Јавен повик за избор на 2 (двајца) еТвинери, за учество на еТвининг семинар од 22-24 мај 2023 во Вилнус, Литванија под наслов : „ Инклузивно рано детство, едукација и грижа “Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поднесува барање за објава на повик за избор на 2 (двајца) еТвинери, за учество на еТвининг семинар наменет за вработени во претшколски установи под наслов „Инклузивно рано детство, едукација и грижа „кој ќе се одвива од 22-24 мај 2023 во Вилнус, Литванија
Трошоци за учество:Националната агенција се обврзува да ги покрие целосно трошоците за настанот. Самиот учесник (индивидуално) е должен да го обезбеди транспортот до аеродром и назад и патничко осигурување.
Критериумите за аплицирање:
-
Лицето да е регистрирано во еТвининг порталот
-
Лицето да работи со ученици од претшколска возраст
-
Лицето да е вработено во претшколска установа
-
Лицето да има познавање од англиски јазик и ИКТ алатки;
*Во изборот на учесниците влијание ќе има: учество на претходни еТвининг семинари, застапеност на различни региони во Република Северна Македонија, постигната работа во еТвининг порталот
Начин на аплицирање:Кандидатите е потребно да ги достават следните податоци најдоцна до 15.03.2023 год, на е-маил адресата
[email protected] :
-
еТвининг портфолио или кратка биографија
-
Свои податоци: име и презиме, телефонски број, е-маил, име на училиште, адреса на живеење
Општи мерки за спречување на корупцијатаНационалната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 (двајца) еТвинери, за учество на еТвининг семинар од 22-24 мај 2023 во Вилнус, Литванија под наслов: „Инклузивно рано детство, едукација и грижа “и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта:
[email protected] и
[email protected]еТвининг мрежата при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, согласно Решение бр. 20-337/2 од 08.03.2023 објавува: