fb_img
Големина на фонт
Контраст

Новости

Интерактивни училници, бројни обуки и работилници во рамките на Еразмус-деновите

16.11.2023 08:22:16

7 ноември, Скопје: Значителен број на  наставници од цела земја учествуваа на обуки, интерактивни училници, работилници како дел од активностите што во изминатиот месец ги организираше Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Во рамките на Еразмус-деновите им беше доближена програмата еТвининг, Еврогајденс и Европас а позитивните искуства инспирираа наставници и училишта кои досега немале можност да станат дел од Еразмус-семејството. 
Марко Ѓорѓиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност потенцираше дека и оваа година на Еразмус-деновите се зајакнуваат капацитетите на училиштата, пракса воведена од минатата година,а сето тоа силно ќе влијание во подобрувањето на образованието во нашата земја. 

- Еразмус-деновите и оваа година ги започнавме со училиштата. Така ги унапредуваме знаењата и соработките помеѓу училиштата. Обуката и интерактивната училница „Градење на капацитети на училиштата“ соодветствуваат со програмата Еразмус и се со една цел – да ги направиме нашите училишта подобри. Еразмус програмата е најголемата образовна програма на Европската Унија и е симбол за соработка, размена на искуства и унапредување на образованието, обуката, младите и спортот. Веруваме декa знаењето што учесниците го стекнаа на овој настан, ќе биде од суштинско значење за нив самите. Исто така, знаеме дека зелените и инклузивните политики се од исклучително значење за денешниот свет. Еразмус-деновите понудија прекрасна можност за нови искуства, за градење нови пријателства и за истражување нови можности во образованието и обуката – вели Ѓоргиевски.