fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за учество на активност за обука и соработка „Студиска посета за одржливост и одржлив развој на училиштата” Клучна акција 1 во училишно / стручно образование Еразмус+ приоритет – зелена агенда

04.1.2024 16:55:30

11.03.2024 – 14.03.2024

Бон, Германија

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Германија, објавува јавен повик за учество на 2 учесника на активноста за обука и соработка „Студиска посета за одржливост и одржлив развој на училиштата” која ќе се реализира во Бон, Германија

Цели на настанот:

Оваа студиска посета е наменета за наставници или директори во средното училишно/стручно образование кои сакаат да се стекнат со знаења во врска со училишните практики во училиштата во Германија, кои се особено посветени на одржливоста и одржливиот развој. Планирано е да се реализираат посети на училишта во Бон и регионот кои се дел од Еразмус+ училишните проекти за одржлив училишен развој. Планирано е да се посети и регионот на долината Ахр, тешко погодена од поплавите во 2021 година.

Програмата од настанот ќе обезбеди повеќе можности за размена на искуства и воспоставување на контакти за Еразмус проекти, е-Твининг и Европската платформа за училишно образование, кои ќе бидат претставени како алатки за меѓусебна соработка.

Дополнително, германската организација „Engagement Global“ ќе биде домаќин на работилница за имплементација на 17-те цели за одржлив развој во секојдневниот училишен живот.

Очекувани резултати:

Целта на програмата е да ги обучи наставниците на темата одржливост и одржлив развој во училиштата, да го олесни вмрежувањето со цел поддршка во планирањето на проектите.

Од учесниците се очекува активно учество во програмата и споделување на искуствата од проектите за одржливост и одржлив развој во училиштата.

Целна група:

Директори или наставници од средни училишта (нови корисници, но и искусни корисници на Еразмус+ програмата).

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Семинарот ќе се реализира во периодот од 11.03.2024 - 14.03.2024

(11.03.2024 е ден на пристигнување, 14.03.2024 е ден на заминување)

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

● Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.

● Патните трошоци се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување и сл.)

Крајниот рок за поднесување на апликации е 08.01.2024 година.

Аплицирање: https://salto-et.net/events/application/DE03_0540_TSS_2023

Забелешка: Известени и контактирани од страна на домаќинот – организатор на активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 учесника на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx