fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Повик за учесници: Kick-off средба – Европска недела на младите 2024 година

09.1.2024 10:55:29

Kick-off средба – Европска недела на младите 2024 година

12 април 2024 година | Брисел, Белгија (5 учесници)

Тема: Демократијата на дело

Главната цел на средбата е да се зајакне гласот на младите и нивната визија со цел промовирање на активно граѓанство и демократијата во Европа. Со средбата се одбележува започнување на Европската недела на младите 2024 на која номинираните млади лица ќе имаат можност да присуствуваат на еднодневна серија од средби во Европскиот парламент во Брисел заедно со 880 лица од цела Европа.


Европската недела на младите се одбележува на секои 2 години, на која фокусот се младите и зајакнување на нивниот глас. Европската недела на млади ги поттикнува младите да бидат активни граѓани, ги охрабрува да бидат дел од демократскиот живот во општеството, ги истакнува постигнувањата во полето на млади, ги промовира можностите за развој на политиките и иницијативите на ЕУ, национално и локално ниво наменети за младите. 

Доколку сте младо лице од 18 до 30 години, имате идеи за подобрување на демократскиот живот и активно граѓанство, да присуствувате на дискусии за подобрување на статусот на младите на локално ниво, да се вклучите во дијалози со носачи на одлуки од Европскиот парламент поднесете ја апликацијата за учество на оваа средба.

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Семинарот ќе се реализира во периодот од 11.04.2024 - 13.04.2024

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

Патните трошоци и сместувањето се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, итн...)

Крајниот рок за поднесување на апликации е 11.01.2024година(13.00ч).

Начин на аплицирање:

- Симнете ја апликацијата овде.
- Испратете ја пополнетата апликација на следната е-пошта: jovica.mitevski@na.org.mk


Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 4 учесници на обуката и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

 

 








Поврзете се

    czxczcx