fb_img
Големина на фонт
Контраст

Вработување

ЈАВЕН КОНКУРС 01/2023 за ангажирање на 2 (двајца) надворешни соработници во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

16.3.2023 11:11:13

Врз основа на Решение бр.04-355/4 од 15.03.2023 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (во натамошниот текст: Национална агенција) објавува:

 

ЈАВЕН КОНКУРС бр.01/2023

за ангажирање на 2 (двајца) надворешни соработници во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

 

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува јавен конкурс за ангажирање на 2 (двајца) надворешни соработници и тоа:

 

1.       Еден (1) надворешен соработник во Сектор за координација и реализација на европски програми и мрежи (Активности за обука и соработка во образование, обука и млади – АОС)

Кандидатите да ги исполнуваат следните услови:

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, општествени или хуманистички науки;
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

 

 

2.         Еден (1) надворешен соработник во Сектор за координација и реализација на европски програми и мрежи – ангажирање на надворешен соработник со попреченост

Кандидатите да ги исполнуваат следните услови

  • VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, општествени или хуманистички науки;
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

 

 

Сите кандидати треба да ги исполнуваат следниве општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место

 

Кандидати кои ќе аплицираат на јавниот конкурс потребно е да ја достават следната документација:

                - Кратка биографија (Curriculum Vitae)  – европски образец;

                - Писмо за мотивација;

               - Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

               - Лекарска потврда за општа здравствена состојба;

               - Уверение/диплома за завршен степен на образование;

               - Доказ на активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) и 

                - Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

Временска рамка за извршување на работни активности:

                Надворешниот соработник се обврзува да ги извршува сите договорени работни активности навремено и ажурно, во времетраење од 40 часа неделно.

 

Јавниот конкурс трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавувањеда се објави најдоцна до 17.03.2023 година.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисија за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации. По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Националната агенција. Изборот ќе се изврши во рок до 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за ангажирање на надворешен соработник со времетраење заклучно до 31.12.2023 година.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност или по пошта на следнава адреса:

 

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 17, поштенски фах 796, 1000 Скопје

(со назнака –  Јавен конкурс бр. 01/2023 )

Контакт : 02-3109-045 Лице за контакт: Анета Здравковска

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за ангажирање на 2 (двајца) надворешни соработници и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx